Благодарејќи на супериорната Velox платформа,Oticon Opn анализира звуци од околината за повеќе од 100 пати во секунда,со можност за извршување на 1.200.000.000 операции во една секунда.Насочувањето на самите слушни апарати зависи од потребата на корисникот,постојано се присутни сите звучни информации од околината на кои корисникот може брзо и лесно да го префрли фокусот и не е ограничен само на звуците пред себе како што тоа беше случај со досегашните слушни апарати.Резултат на тоа е јасно разбирање на говорот со многу малку напор.
Најбитните предности на новиот oticon opn слушен апарат
- Уживајте во 30% подобро разбирање на говорот
- Намалете го напорот при слушање за 20%
- Запамтете 20% повеќе информации
Елегантен и дискретен Oticon Opn е достапен во 8 различни бои
Карактеристики на новиот oticon opn слушен апарат
Oticon Opn е модерен и елегантен слушен апарат кој се наоѓа дискретно позади уво, овозможува нови можности и функции.
OpenSound Navigator
Значајно помал напор при слушање со повеќе информации и подобро разбирање
Spatial Sound LX
Одредување, следење и промена на фокусот на посакуваниот звук
YouMatic LX
OpenSound Navigator се прилагодува на индивидуалните потреби и желби
Speech Guard LX
Го зголемува разбирањето на говорот во бучна средина, овозможува полесно следење и вклучување во разговор.
Oticon opn слушниот апарат е направен за смарт мобилни телефони
- Уживајте во безжична конекција со iPhone и други паметни уреди
- Претворете ги вашите слушни апарати во стерео слушалки и уживајте во омилената музика
- Користете TV adapter за гледање на омилените канали (одалеченост до 15м)
- Користете го вашиот мобилен телефон за контрола на јачината и промена на програми
Oticon ON апликацијата Ви овозможува да ги контролирате вашите слушни апарати,да одберете што сакате да слушате и да ја подесите јачината на звукот.
Оваа апликација исто така Ви ги нуди следните можности:
- во секој момент преку интернет можете да ги лоцирате своите слушни апарати(или детето кое ги носи)
- Ве известува за состојбата на батеријата во апаратите (корисно кај мали деца кои носат слушни апарати или кај стари лица)
- го прикажува упаството за употреба
(Пред употреба прочитајте го упаството! За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или со фармацевт. Oticon слушниот апарат е медицинско средство.Медицински средства може да се издаваат на места со дозвола од Министерство за Здравство,трговија на големо и мало со медицински средства, на основ на прописите во областа на медицинските средства и здравствената заштита може да се издаваат само во специјализирани продавници. ПРОДАВАЊЕ НА СЛУШНИ АПАРАТИ ONLINE СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО.)