ПРОВЕРКА НА СЛУХ-БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА ONLINE

Ако се прашувате како да го проверите слухот-на правото место сте. На нашиот сајт во неколку чекори можете да го проверите својот слух и да добиете резулатати по мејл. Погледнете што опфаќа проверката на слух, како се изведува, што Ви кажуваат резултатите и уште сега започнете бесплатен тест за проверка на слухот!

Provera sluha

1. ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

Provera sluha

2. ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

Provera sluha

3. ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ

БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХ ONLINE КАКО СЕ ИЗВЕДУВА

Online проверката на слухот е едноставна, трае неколку минути и преставува брз начин за почетно идентификување на промените на слухот кај личности кои се сомневаат дека имаат оштетување на слухот. Овој тест симулира една од животните ситуации кога е присутна бучава за да дознаете колку добро може да се фокусирате на говорот,да ја филтрирате и отстраните бучавата.

Ваште реакции ќе Ви покажат дали почнувате да осеќате губиток на јасноста на слухот со кој се соочуваат голем број на постари луѓе. Во текот на тестот нивото на позадинската бука ќе се зголемува и смалува за да се тестира со колкава бучава можете да се изборите пред да го изгубите фокусот на говорот.

Пред почеток на тестот потребно е да ја подесите јачината на звукот на комјутерот на ниво на нормален говор. При проверка на слухот потребно е да користите слушалки за подобри услови на изведување на тестот.

Кога ќе завршите со тестот ќе биде потребно да ја напишете Вашата e-mail адреса на која ќе Ви биде испратен резултатот од online проверката на слухот со стручно објаснување и препораки.

ШТО ЗНАЧИ РЕЗУЛАТАТОТ ОД ONLINE ПРОВЕРКАТА НА СЛУХ?

Вашиот резултат од проверка на слухот ќе биде искажан на скала од 0 до 100%. Нормално што е поголем резулататот кој ќе го постигнете, подобро можете да разберете говор во бучна средина. Резулатот под 64% може да укажува на влошување на способноста на разбирање на говорот во бучна средина и послаб слух, а колку е послаб, толку повеќе треба да се земе во обзир можноста да направите професионална проверка на слух од страна на стручени лица.

Ве молиме да земете во обзир дека било кој тест за online проверка на слухот треба да се користи само во информативни цели и тие се создадени за да помогнат во почетна идентификација на оштетување на слух и да се охрабрат луѓето да певземат конкретни чекори за подобар слух. Овој тест не е замена за професионална аудиометриска проверка на слух која ја спроведуваат едуцирани аудиолози.

Ве охрабруваме уште денес да го проверите Вашиот слух,а доколку приметите дека послабо слушате некои звуци можете да не контактирате заради професионална проверка во некое од нашите преставништва низ Македонија!