Револуционерната интелегентна технологија која препознава 12 милиони звуци од вистинскиот живот му дава на мозокот повеќе информации неопходни за подобро разбирање на говорот со помалку напор и способност за подобро памтење. OTICON MORE користи длабока невролошка мрежа како би препознал што треба да се истакне во прв план на слушањето( звуци од поголем интерес),а што треба да се остави во позадина(звуци од помал интерес). На тој начин создава подобра разлика меѓу изворите на звуци.
Новата Polaris платформа им овозможува на корисниците значајните звуци да бидат во рамнотежа со звуците од опкружувањето. Во ситуација кога корисниците разговараат со група на пријатели во ресторан, сакаат да бидат во можност да ги разбираат сите што зборуваат а истовремено да ги слушаат позадинските звуци како што се бучава во сообракај, работа на вентилатор, музика, мрморењето на луѓето, да уживаат во атмосферата на местото и истата да не им пречи во разбирањето на говорот.
![MORE](https://auditiva.mk/wp-content/uploads/2022/05/uredjaj-u-ruci.jpg)
MoreSound Intelligence и MoreSound Amplifier преставуваат новитет во работата на слушните апарати. MoreSound Intelligence овоможува важните звуци да се издвојат од позадинските звуци, додека MoreSound Amplifier овозможува тие звуци да се слушаат појасно и почисто од позадинските звуци со што корисникот би имал потполно разбирање без пречки.
НОВИТЕТИ КОИ ГИ ПОСЕДУВА OTICON MORE СЛУШНИОТ АПАРАТ СО КОИ СЕ ИЗДВОЈУВА ОД ПРЕТХОДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА АПАРАТИ:
1.Подобар квалитет на разбирање во предизвикувачки ситуации благодарејки на MoreSound Intelligence, Длабока невролошка мрежа и зголемена прецизност со MoreSound Amplifier.
2.Подобар квалитет на звукот заради Polaris платформата која има зголемен број на канали за обработка на звукот.
3.Поквалитетна поврзаност заради можноста за безжично поврзување и со Android телефоните.
Oticon More доаѓа исклучиво во mini RITE RC варијанта која користи Литиум јонски батерии кои се полнат за три часа.
Посоветувајте се со нашите аудиолози и проверете дали Oticon More е правото решение за Вашиот слух!
Погледнете како Oticon слушните апарати изгледаат во уво.
![MORE](https://auditiva.mk/wp-content/uploads/2022/05/combo.jpg)