Користејќи револуционерна технологија која се базира на моќната Polaris платформа, Oticon Zircon содржи техничко решение кое може да се види кај Oticon More-технологија BrainHearing и говор од 360°, нудејќи јасен и урамнотежен звук,дури и кога корисникот е во бучни ситуации.
Oticon Zircon слушните апарати нудат четири модели на слушни апарати и две нивоа на технологија. Тоа вклучува miniRITE T, miniRITE R, miniBTE T, miniBTE R како и ниво на технологија 2 и 1. Достапни во верзија со полнач и без полнач на нашите корисници им дава големи можности за избор.
Со Oticon Zircon се добива широк спектар на можности за поврзување. Streaming преку iPhone, iPad, одредени Android телефони, поврзување со TV Adapter, Connect Clip, Oticon ON app, решенија со кои корисникот во исто време ужива во слушање и го контролира омилениот звук.
Различниот дизајн, избор со полнач, голем пакет на поврзувања, даваат можност на што поголем број на корисници технологијата која го менува животот да биде достапна.
(Пред употреба прочитајте го упаството! За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или со фармацевт.
Oticon слушниот апарат е медицинско средство.Медицински средства може да се издаваат на места со дозвола од Министерство за Здравство,трговија на големо и мало со медицински средства, на основ на прописите во областа на медицинските средства и здравствената заштита може да се издаваат само во специјализирани продавници.
ПРОДАВАЊЕ НА СЛУШНИ АПАРАТИ ONLINE СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО.)