ЗА НАС

Компанијата Аудитива, веќе долги години, ја носи титулата лидер на пазарот на Македонија во аудиологијата и аудиолошката опрема. Наша примарна взизија се базира на идејата да обезбедиме максимална поддршка на луѓето со оштетен слух и нивните семејства-со тоа имаме цел како партнер од доверба да пружиме широк спектар на услуги, од тестирање на слух и консултација, до врвни изработени модели на слушни апарати.

Наш примат се задоволни корисници, и сметаме дека големината на една компанија може да се мери со степенот на укажаната доверба на нашите пациенти. Ова нас не мотивира уште повеќе да обезбедиме поддршка со помош на нашите професионални вработени,користејки притоа најсовремена дијагностичка опрема во сите наши преставништва.

ДАНСКИ КВАЛИТЕТ-ДОМАШНО ЗНАЕЊЕ

Ние сме генерален дистрибутер на данскиот бренд Oticon, светски најдоверлив и најдобар произведувач на слушни уреди со традиција долга 118 години. За нивниот квалитет и успех зборува фактот дека сите иновации во областа на слушните помагала произлегле од истражувачкиот центар на Oticon.

Покрај застапништво, се занимаваме и со продажба на батерии за слушни апарати, средства за чистење како и изработка на посебни антифони по мерка на косрисниците. За секој слушен уред се зима отисок од Вашиот ушен канал.што практично значи дека овој уред е прилагоден на индивидуалната анатомија на ушниот канал.

Нашата идеја е да бидеме што поблиску до секое лице со оштетен слух и затоа сме присутни ширум цела Македонија и регионот.

Во секое Аудитива преставништво ќе Ве пречекаат дефектолози и специјалисти кои ќе одговорат на секое Ваше барање. Како компанија постојано целиме кон што поголем и побрз прогрес. Од таа причина ги мотивираме нашите вработени константно да се усовршуваат и посетуваат меѓународни едукации од областа на аудиологијата,со цел стекнататото знаење и искуство да се пренесе на работата со пациентите.

НЕГУВАМЕ ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП СО СЕКОЈ КОРИСНИК

Сметаме дека индивидуалниот пристап кон секоја личност и нејзините потреби се најдобар пат до добриот слух. Кај нас секој корисник на слушен апарат моше да се обрати на својот дефектолог и да добие совети кои се прилагодени на неговата специфична состојба на слухот.

Секое наше преставништво е опремено со најсовремена дијагностичка опрема за проверка на слухот и опрема за подесување на слушните помагала. Пред изборот на соодветниот модел на апарат и неговото подесување, големо внимание посветуваме на точното утврдување на моменталната состојба на слухот на секој корисник.

Долгорочна грижа за пациентите подразбира бесплатно подесување на слушните апарати после купувањето, бесплатни совети од искусни дефектолози, обезбеден сервис во гарантен рок и надвор од него, и сите помошни уреди кои можат да го олеснат користењето на овие апарати и да го подобрат квалитетот на живот на луѓето кои секојдневно ги користи.

УСПЕХОТ НА КОМПАНИЈАТА ГО МЕРИМЕ СО СТЕПЕНОТ НА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИ

Секое наше преставништво е максимално посветено на својата политика на квалитет која подразбира:

-Дистрибуција на дански Oticon слушни апарати со врвен квалитет
-Посветен однос кон пациентите и желбата да се подобри квалитетот на живот
-Без чекање, со претходно телефонско закажување
-Бесплатни совети во врска со слухот од страна на искусни дефектолози
-Бесплатна проба на најсовремени слушни апарати
-Бесплатно подесување на слушни апарати после купувањето
-Изработка на квалитетна аудиолошка протетика
-Обезбедени батерии, средства за чистење и сите помошни уреди кои можат да го олеснат користењето на слушни апарати и да го подобрат квалитетот на живот
-Повеќе начини на набавка на слушни апарати:ФЗОМ,приватно купување
-Неколку начини на плаќање: ќеш, картица, на рати преку Silk Road банка
-Плаќање на 12 рати без камата за купување на апарат
-Обезбеден сервис во гарантен рок и надвор од гарантен рок,кој секогаш ѓи има на располагање сите делови

Комбинација и успешна имплементација на политиката на квалитет е главна причина зашто нашата компанија се издвојува и со години одржува завиден статус.

АУДИТИВА ВО БРОЈКИ
O nama

13

ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

O nama

15+

ВРАБОТЕНИ

O nama

7

ЛОКАЦИИ

O nama

40000+

ПАЦИЕНТИ

O nama

10+

ДЕЦА СЕ РОДИЈА ВО КОЛЕКТИВОТ

АУДИТИВА ВРЕМЕНСКА ЛИНИЈА

2010 год.

ОСНОВАЊЕ НА ФИРМАТА АУДИТИВА ВО СКОПЈЕ

2012 год.

ОТВАРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦА ВО БИТОЛА

2013год.

ОТВАРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦА ВО КУМАНОВО И ШТИП

2014год.

ОТВАРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦА ВО ТЕТОВО

  • Oticon семинар во Копенхаген, Данска-едукација од областа на слушните апарати

2017год.

ОТВАРАЊЕ НА ВТОРА ПРОДАВНИЦА ВО СКОПЈЕ- БИТ ПАЗАР

  • Oticon семинар во Копенхаген, Данска-едукација од областа на слушните апарати

2018год

ОТВАРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

2022год.

Оticon семинар во Исланд -новитети од Oticon

OTICON ВРЕМЕНСКА ЛИНИЈА
  • O nama

    1904-Компанијата е основана во Данска од страна на Ханс Демант, поттикнат од неговата желба да и помогне на својата жена која имала оштетен слух. Првиот слушен апарат е продаден во 1904 год. А бидејќи заинтересираноста била голема Ханс кој дотогаш водел работилница за изработка на часовници, се посветил на продажба на апарати како дистрибутер во Данска, Норвешка и Шведска.

  • O nama

    1910-Кога Ханс починал, неговиот син Вилијам ја превземал работата и почнал да ја развива визијата на компанијата каква што сега ја познаваме.

  • O nama

    1940-Вилијам Демант го произвел првиот слушен апарат направен во Данска познат како Acousticus.

  • O nama

    1946-Компанијата за слушни апарати званично почнала да го користи името ''Oticon'' заснован на грчките зборови ''уво''(oti) и ''со''(con).

  • O nama

    1977-Поттикнат од меѓународниот развој, Oticon го преставува првиот ултра дискретен in-the-ear слушен апарат.

  • O nama

    1996-Oticon го лансира првиот потполно дигитален слушен апарат DigiFocus. Напредната амплификација на звук се програмира така што се прилагодува на индивидуалното оштетување на слух.

  • O nama

    2004-Oticon прославува 100 години oд основањето и почетокот на грижа на слухот на луѓето на кои им е потребна подршка за поквалитетен живот. Компанијата го преставува слоганот ''People first (луѓето на прво место)” и позната е низ светот како еден од најголемите производители на слушни апарати.

  • O nama

    2007-Редефинирање на слушните апарати-Oticon лансира нов модел Epoq. Сега два слушни апарати можат континуирано да комуницираат измеѓу себе и да создадат природна звучна слика. Ново технолошко решение создава подобро чувство за звучна слика во опкружувањето на корисникот и овозможува поврзување на слушните апарати со мобилни телефони и уреди.

  • O nama

    2014-Слушаме со помош на мозокот - Најновиот Oticon слушен апарат со помош на Brain Hearing технологија го подржуваат начинот на кој работи мозокот создава осет за звукот кој е приближно на природното слушање со помалку оптеретување на мозокот и помалку замор на корисникот.

  • O nama

    2016-Со лансирање на новиот апарат Oticon Opn, компанијаta Oticon го прифати предизвикот кој до тогаш ни најнапредните решенија за слух не можеа да го решат-можноста за слушање во бучна средина каде повеќе луѓе разговараат. Покрај едноставно поврзување со паметните телефони и безжични уреди, Opn е прв апарат кој се поврзува на интернет.

  • O nama

    2020-Oticon ја престави новата водечка насока “Технологија која го менува животот” и ја претстави најнапредната понуда на слушни апарати. Сега децата и возрасните можат уште повеќе да ги искористат предностите на напредните Oticon решенија за слух кои освен подобар слух влијае и на целиот квалитет на живот.

OTICON-СЛУШНИ АПАРАТИ СО СКАНДИНАВСКИ КВАЛИТЕТ

Во 2022 год. компанијата Oticon прослави 118 години од постоењето. Денес оваа меѓународна компанија дистрибуира слушни уреди во преку 120 земји ширум светот. Во Oticon луѓето се секогаш на прво место и тоа е постојан потсетник за важноста на слухот за квалитетен живот. Бидејќки слухот и комуникацијата се значајни за односите меѓу луѓето, компанијата се фокусира на иновативна и најсовремена технологија која ќе помогне во одржување на овие односи.

Со оглед на тоа што секоја година вложуваат во развој на напредна технологија, често се први на полето на револуционерни технолошки новитети во слушните апарати.

Oticon уредите за слух се издвојуваат по современиот дизјан и врвен квалитет, кои можат да корегираат различни нивоа на оштетувања од лесни до многу тешки. Целосно се дигитални и нивниот звук е природен.

Најновите модели имаат можност да го маскираат зуењето во ушите (тинитус) на кој се жалат голем број на клиенти. Истотака ,многу од нив имаат и безжична конекција со мобилен телефон, кое го олеснува телефонирањето при возење па во оваа ситуација нема потреба да се држи телефонот во рака.

Оваа компанија може да се пофали со непрекинато усовршување кое е насочено во пронаоѓање и осмислување на идеални решенија за подобар слух.

СОРАБОТКАТА МЕЃУ КОМПАНИЈАТА OTICON И АУДИТИВА Е ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Компанијата OTICON на нашиот пазар е од далечната 1965 година. Кога започнала со продажба во поранешна СФРЈ преку тогашната фирма Југолек од Белград. Нашата фирма работи од 2010 година, а со години наназад сме генерални дистрибутери на Oticon слушни апарати и опрема за територијата на Република Македонија.

За тоа време од нашите простории со Oticon слушни апарати излегоа многу задоволни клиенти. Планираме да продолжиме во тој правец и на пазарот на Македонија заедно носиме иновации и современи решенија за подобар слух!

AUDIOVOX TIM

×