Сервис на слушни апарати е потребен заради редовно одржување на или во случај на дефект на апаратот. Нашиот тим во Скопје на адреса ул.Мајка Тереза бр.7 ќе го поправи Вашиот апарат, поради тоа што на лагер имаме голем број на оригинални резервни делови, поправката ќе биде брза и ефикасна.
Контактирајте не!
КОГА Е ПОТРЕБЕН СЕРВИС НА СЛУШНИОТ АПАРАТ?
Со цел апаратот помалку да се расипува потребно е редовно да се одржува.Одржувањето на слушните апарати е подеднакво важно како и навикнувањето на него.Кога правилно ракувате со него и секојдневно го одржувате се смалува можноста од ненадејни дефекти и оштетувања.
Сепак, дефекти не се невозможни.
Доколку приметите дефект на слушниот апарат или проблем во функционирањето-време е да го донесете на сервис со цел да биде дијагностициран и правовремено решен.
КАКО ИЗГЛЕДА ПОПРАВКА НА СЛУШНИОТ АПАРАТ КАЈ НАС?
Oticon апаратот можете да го предадете на сервис во преставништвото на Аудитива каде што сте го купиле.Во таа прилика вработениот уште еднаш ке го провери апаратот и ќе утврди дали може да се реши проблемот на лице место.Доколку тоа не е можно -апаратот се исрпаќа во нашиот централен сервис во Скопје.
Ако не сте во можност да го донесете апаратот во преставништвото каде што сте го купиле можете да го испратите по пошта во нашиот централен сервис на адреса Аудитива, ул.Мајка Тереза бр. 7 ,1000 Скопје.Доколку ни го испраќате по пошта апаратот мора да биде спакуван во оригиналната кутија (или некоја со слична јачина) заради безбедност при транспорт.На лист запишете кој проблем го имате со апаратот со Ваш контакт телефон и адреса.
Дијагностиката на слушен апарат е бесплатна.
После тоа нашите колеги од сервис ќе Ве известат за за цената на поправката,со што ќе се изјасните дали сакате апаратот да се сервисира или не.
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ И ПРЕПУШЕТЕ ГО СВОЈОТ АПАРАТ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИ
Нашиот тим е со сертификат за поправка и одржување на слушни апарати за слух,со тоа можете да бидете сигурни дека оваа услуга ја препуштате на професионалци.
Контактирајте не или посетете не без закажување во некое преставништво и ќе го поправиме Вашиот апарат ефикасно и брзо!
ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА
Должината на гарантниот рок на слушните апарати е регулирана со Законот за заштита на потрошувачи од 12 месеци.Аудитива за своите корсиници обезбедува можност за продолжување на гарантниот рок за дополнителни 12 месеци,по достапни цени.Спречете непланирани и несакани трошоци и искористете ја можноста за продолжување на гарантниот рок.Услугата за продолжена гаранција можете да ја остварите во секое преставништво на Аудитива.