Избор и набавување на слушни апарати

Ако мислете дека страдате од губиток на слухот, тогаш во тоа не сте сами. Според Американската Алијанса за слух, повеќе од 28 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави имаат значителен губиток на слухот, а една третина од нив се лица постари од 65 години. Меѓутоа, покрај ваков голем број на слушно оштетени лица, годишно се продаваат само околу 1 милион слушни апарати. Според некои истражувања, само околу 20 % од тие на кои им е потребен слушен апарат навистина го носат и имаат корист од него.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Што се однесува до изборот на слушен апарат, не постои ниеден посебен слушен апарат кој е најдобар на пазарот и кој би бил погоден за сите типови и степени на оштетување на слухот. Изборот на слушен апарат не е само работа на вкусот. Секој губиток на слухот е различен како што и аудиторните потреби се индивидуално различни. Меѓутоа, речиси сите компании кои се занимаваат со изработка на слушни апарати одат во правец на изработка на програмобилни или дигитални линии на слушни апарати со безначајна разлика во стратегијата на обработка на звукот, но со сличен резултат во обезбедувањето на јасни амплификации.

Два главни фактори се одлучувачки во купувањето, односно набавката на слушен апарат: големината (стилот) и типот на апаратот. Големината може да се движи од исклучително мал слушен апарат, што е карактеристика за каналните слушни апарати, до апарати кои се поставуваат зад ушната школка и кои се со поголеми димензии. Големината на апаратите влијае на јачината на слушниот апарат, а во изборот на пациентот му помага стручно лице кое добро  ги познава апаратите и нивните можности. Најмалите слушни апарати не се за сериозни оштетувања на слухот поради нивната ограниченост во јачината односно волуменот на појачување. Боите на слушните апарати се различни и може да се бираат според бојата на кожата или бојата на косата и на тој начин се помалку забележителни.

Слушниот апарат не може да обезбеди никаква корист доколку не се употребува односно доколку заврши во фиока. Тој мора правилно да се користи и да се употребува секој ден. Со денешната модерна технологија и добриот професионален пристап во подесувањето на слушниот апарат, не постои ниедна причина за да слушниот апарат заврши во фиока. Со постојаното користење на слушниот апарат слушањето станува пријатно чувство односно убаво искуство.

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!