Услугата за изработка на сите модели ”In the Ear”апарати, односно канални слушни апарати е достапна во секое преставништво на Аудитива. Овие дискретни и комфорни уреди се внимателно креирани во склад со Вашите индивидуални мерки и потреби, со тоа што самиот модел зависи од степенот на оштетување на слух како и физичките карактеристики на ушниот канал. Нашите љубезни вработени се спремни во секој момент да одговорат на вашето барање и да Ви дадат совет при изборот на совршен апарат за Вас.
Контактирајте не и уверете се во квалитетот на услугите и експертизата на Нашиот тим.