Карактеристики на Oticon Xceed и Oticon Xceed Play слушните апарати:
- Xceed и Xceed Play се слушни апарати со најголема излезна сила
- Дизајнирани се да го зголемат разбирањето на говорот кај лица со тешко и многу тешко
оштетување на слухот
- Супериорна функција OpenSound Optimizer овозможува најголема излезна сила со ефикасно спречување на feedback.Со тоа се постигнува максимално зголемување на високите фрекфенции а со тоа и разбирање на говорот и во многу бучни средини.
- Xceed и Xceed Play UP даваат излезна сила од 146 dB!
- Поседуваат можност за Wireless конекција на слушните апарти меѓусебе како и со широк спектар на помошни уреди: далечински микрофон,далечински управувач,мобилен телефон,ТВ и др.
- Можност за лоцирање на изгубени апарати на Google maps!
МОДЕЛИ НА СЛУШНИ АПАРАТИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ
Xceed е наменет за возрасните, и доаѓа во три подмодела со различна ценовна класа: Xceed 1, Xceed 2 и Xceed 3. Поседува IP68-сертификат(дизајнот вклучува бариера за вода, прашина и нечистотија). Достапен е во 7 бои на куќишта изградени од биокомпатибилен и антиалерегенски материјал.
Oticon Xceed Play наменет е за деца. Поседува сигурносна вратичка од батеријата чија функција оневозможува децата случајно или по грешка да ја проголтаат батеријата. Максимално е отпорен на вода и прашина. Поседува LED индикација која им овозможува на родителите да ја следат работата на апаратот. Достапен е во 12 атрактивни бои за деца.
Слушните апарати Xceed и Xceed Play овозможуваат употреба на додатна опрема за комуникација како што се:Oticon ON App, ConnectClip,Remote Control 3.0,TV Adapter 3.0, Phone Adapter 2.0, Amigo FM.
Xceed и Xceed Play имаат можност за безжична конекција со iPhone и други паметни уреди.
Oticon ON App им овозможува на родителите и постарите деца контрола на јачината на слушните апарати,промена на програми и контрола на нивото на батериите.
(Пред употреба прочитајте го упаството! За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или со фармацевт.
Oticon слушниот апарат е медицинско средство.Медицински средства може да се издаваат на места со дозвола од Министерство за Здравство,трговија на големо и мало со медицински средства, на основ на прописите во областа на медицинските средства и здравствената заштита може да се издаваат само во специјализирани продавници.
ПРОДАВАЊЕ НА СЛУШНИ АПАРАТИ ONLINE СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО.)
ПОГЛЕДНТЕ КАКО OTICON СЛУШНИТЕ АПАРАТИ ИЗГЛЕДААТ ВО УВО