Која е цената на слушните апарти е едно од најчестите прашања кои пациентите ги поставуваат и која влијае врз нивната одлука за купување. Како уред кој треба да помогне на луѓето со оштетен слух, слушните апарати имаат голем ценовен опсег кој е условен од различни нивоа на технологии кои содржат во разни видови на модели, односно постојат одредени ценовни класи на апаратите за слушање. Погледнете како кај нас се формираат цените на слушните апарати и од што влијае на нивното формирање.
Слушни апарати-формирање на цените на слушните апарати со најнапредната технологија
Слушните апарати се призводи со најнапредна технологија и секогаш ќе бидат еден чекор пред другите производи во електронската индустрија. Тие се карактеризираат со супериорна минијатуризација, мала потрошувачка енергија и висока доверливост во долгогодишно користење. Сите достигнувања во електрониката, најчесто прво се користат кај слушните апарати.
Затоа, цените на апаратите за слушање можат да бидат високи, но оправдано.
Со квалитетно и внимателно изработени апарати, корисниците подобро слушаат, полесно комуницираат и ги извршуваат секојдневните активности. Затоа во Аудитива посебен акцент имаме ставено на квалитет, иновативност и напредна технологија и донесени апарати од последната генерација.
Како се формира цената на слушните апарати
За формирање на цената на слушните апарати влијаат повеќе фактори, затоа пред да се започне постапката за набавување на слушен апарат треба да обрнете внимание на следниве важни информации:
- Производител: Да прашате од каде доаѓа производот и колку долго е на пазарот. Водечките светски производители се со седиште во Америка и Европа;
- Дистрибутер: Да проверите колкава е дистрибутивната мрежа во Македонија, кој е бројот на претставништва и во кои градови и дали дистрибутерот има договор со ФЗОРСМ, што дополнително
влијае за намалувње на цената затоа што дел од апаратот е финансиран од страна на ФЗОРСМ; - Персонал: Оценете дали персоналот е доволно стручен, добро информиран и има одговор на вашите прашања ( како да изберете слушен апарат или потребно ви е да ви објаснат како функционира подесувањето на слушните апарати). Во таа смисла важно е да обрнете внимание дали има подршка на корисници, дали се наплатува и кога е достапна;
- Гаранција: Проверете кои се условите за гаранција, што е покриено со гаранцијата и колку трае;
- Сервис на слушни апарати: Распрашајте се за кој временски период се отстранува дефектот и како се движи цената за сервисиран апарат.;
- Проба на апарати: Прашајте го дистрибутерот дали има опција да пробате модели на слушни апарати и дали се наплаќа и во кој рок треба да ги вратите апаратите и слични информации.
Најпосле штом ги добивте одговорите и ги разрешивте вашите сомнежи ќе знаете дали сте на право место кое ви овозможува одличен сооднос на цените и квалитетот. Секако, пресуден е кавалитетот на звукот кој го слушате преку апаратите, подобро разбирање на говорот и вашето целосно задоволство од новите апарати.
Цените и условите за плаќање треба да ги гледате како збир од сите овие фактори затоа што квалитетни апарати не се купуваат често.
Аудитива е дистрибутер на водечки производител – Oticon, кој е препознатлив на пазарот, ви нуди демо апарати за проба, редовен сервис и ефикасни поправки, како и други поволности при купување.
Со одбирање на нашите апарати можете да бидете сигурни дека сте направиле паметна одлука за купување и добиле одличен сооднос на цена и квалитет.
Во аудитива во цената на слушните апарати влегува и комплетна услуга
Во Аудитива, во цената на апаратите влегува и целосната услуга која корисникот ја добива за подобро да слуша.
Оваа услуга започнува од доаѓањето во некои од претставништвата на Аудитива каде што се започнува почетен разговор со дефектолог и на основа на аудиометријата се проценува кој модел на апарати одговара за степенот на оштетувањето.
Потоа се пробуваат предложените модели, се прави подесување на апаратите според оштетувањето и на крај врз основа на чуствата на пациентот се одбира слушниот апарат кој најмногу одговара.
Потоа се следи состојбата на пациентот и разбирањето на говорот за дополнително подесување. Тоа е постојан процес и важна услуга која корисниците ја добиваат, како би добиле најдобар услов за подобро слушање и користење повеќе години.
Сите овие услуги кои се дел од процесот во Аудитива ги работат професионалци, како и нивната комплексност влијаат врз формирањето на цената на слушните апарати.
Отicon слушни апарати- цени за иновативни апарати и евтини имитации
Во процесот на набавка на слушни апарати треба да бидете внимателни поради тоа што на пазарот освен слушни апарати има и разни други уреди кои се промовираат како да зголемуваат звук.
Овие уреди се доста ефтини, за разлика од слушните апарати и делуваат примамливо, но треба да бидете свесни дека овие уреди не се медицински помагала, дека се појачала кои го појачуваат директно звучниот сигнал.
Звукот на слушните апарати се подесува по фрекфенции и при подесување се прилагодува оштетениот слух на секој поединечен корисник, додека пак кај ефтините уреди директно се зголемува звучниот сигнал кој што може да доведе до болка и оштетување на сочуваните фрекфенции.
Помеѓу правите слушни апарати кои се медицински помагала постои разлика во цената која се одредува според нивото на технологијата и подршка на корисниците. Ниската цена на апаратот повлекува и ниско ниво на технологија, помалку опции за користење и полош звук, слаба подршка за бесплатно подесување и совети, гарантен рок, и брз сервис на апаратите со резервни делови итн.
Дали може осигурувањето да се искористи за плаќање на слушен апарат?
За одредено оштетување на слухот, дел од сретствата ги покрива ФЗОМ, и тоа е една од полесните опции за подигнување на слушен апарат.
Откако вашиот лекар ќе ви издаде упат за ОРЛ доктор, потребно е да одите на преглед каде што докторот ќе ви издаде потврда за подигнување на слушен апарат.
Контактирајте го нашиот тим како би знаеле за потребната документација која треба да ја донесете во нашите простории.
Контактирајте не и одберете слушен апарат- цени кои ви одговараат на вашиот буџет
За сите кои што ќе изберат квалитетни слушни апарати, цените играат важна улога, тие цени се формирани за корисниците полесно да можат да изберат според својот буџет, заедно со услугата и консултација со професионалци.
Контактирајте не и дојдете во некои од претставништвата на Аудитива и изберете слушни апарати кои ви одговараат на вашите потреби и буџет.