КАНАЛНИ СЛУШНИ АПАРАТИ

Каналните слушни апарати се револуционерен новитет во светот на аудиологијата. Овие дискретни и удобни уреди се носат во самиот ушен канал, тие се идеална опција за лица кои носат очила или се чувствуваат неудобно додека носат апарат за слушање.

Сите електронски компоненти се сместени во пластично куќиште кое се изработува според Ваша индивидуална мерка. Можноста за избор на ваков модел зависи од степенот на оштетување на слухот, како и од физичките карактеристики на ушниот канал и здравствената состојба на Вашето уво.

ЗАКАЖЕТЕ ЈА ОВАА УСЛУГА!

    Во претставништвото на Аудитива, по претходна консултација со нашите стручни лица, можете да ги одберете следните канални апарати:

    • IIC – Најмала варијанта од овој тип слушни апарати. Се поставува длабоко во ушниот канал што го прави речиси невидлив.
    • CIC – Модел кој се сместува целосно во ушниот канал и поседува копче со чија помош може да се регулира звукот во било кој момент.
    • ITC – Се поставува по должина на ушниот канал и поседува 2 микрофони, отвор за излез на звукот и систем за заштита од ушна маст.
    • ITE – Се поставува во внатрешноста на ушната школка и претставува најголем модел на канален апарат.

    Невидливи слушни апарати

    Најмалите слушни апарати се нарекуваат и невидливи слушни апарати или IIC. Овие апарати се најмалите апарати што досега се направени, што ги прави совршен избор за сите кои сакаат невидливост и практичност. Благодарение на уникатната и софистицирана технологија можат моментално да ги преработат тоновите на високите фрекфенции во ниски, а тоа им овозможува на лицата подобро да слушаат и разбираат.

    Бидејќи немаат надворешни жици, влијанието на надворешните шумови е значително помало отколку кај стандардните апарати. Во зависност од димензиите на вашиот ушен канал можете да одберете различни модели на невидливи апарати од колекцијата на Аудитива.

    Канални слушни апарати – цени индивидуално изработени апарати

    Аудитива овозможува изработка на сите модели на канални слушни апарати, а цените се оформени во согласност со  Вашите индивидуални мерки и потреби. Во пријатен амбиент, со претходна консултација со нашите спрецијалисти, изберете совршен модел за Вас!

    Контактирајте не, закажете термин и уверете се во квалитетот на услугата!