Никој не знае зошто е така, но луѓето со оштетен слух се посклони кон повреди отколку луѓето со добар слух.
Една студија ги следела повредите поврзани со возењето, работата и слободно време и спорт. Луѓето со „мали потешкотии со слухот“ имале 60% веројатност да можат да бидат повредени, тие со „умерени потешкотии со слухот“ 70%, а тие со „големи проблеми со слухот“ имале 90% веројатност да можат да бидат повредени.
Во друга студија, оштетувањето на слухот било поврзано со многу зголемена зачестеност на паѓање и превртувања. Дури и кога истражувачите ја земале во обзир староста на луѓето, откриле дека луѓето со оштетен слух и понатаму имаат поголема веројатност од пад отколку луѓето кои немаат оштетување на слухот.
Еден од експертите кој стои зад оваа студија, верува дека врската на падовите со оштетување на слухот може да биде заради пониско ниво на општо внимание, а може да биде и заради зголемена оптеретеност на мозокот поради напорот при слушањето. Тоа е затоа што лицата со оштетен слух мора да користат зголемена ментална енергија за да слушнат, оставајќи помалку ресурси за другите активности како што е одржување на рамнотежа.
Иако често го занемаруваме слухот и неговата важност, луѓето стануваат свесни за важноста на слухот дури кога ќе почне да слабее и кога ќе им стане комплицирано комуницирањето со семејството и пријателите, кога ќе им стане напорно да гледаат ТВ или да разговараат на телефон.
Доколку чувствувате дека слухот Ви е ослабен, искористете ја акцијата за бесплатна проверка на слух која ја организира Аудитива и закажете го својот термин кога и каде Ви одговара. Својот бесплатен термин можете да го закажете на следниот линк:
Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >