СЛУШНИ АПАРАТИ ДАЛИ СЕ ВОДООТПОРНИ?

Термините “воденоотпорен” и “воденопропустлив” се во широка употреба и лесно се разбирливи. Секој производ со овие ознаки се смета за поквалитетен во однос на оној кој ги нема.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Standard IEC 60529 кои ја опишува сигурноста во работата на уредите изложени на прашина и вода, со помош на IP броевите го означува степенот на заштита на производот од продирање на прашина и вода во куќиштето во кое се наоѓаат електричните компоненти. Со разбирање на IP броевите, корисникот ќе добие појасна слика за степенот на заштита, отколку само да се потпира на сугестивните комерцијални описи на произведувачот или продавачот.

На пример, електричен приклучок означен со IP22 дава заштита од ставање на прстите и нема да биде  оштетен доколку се изложи на вертикални или приближно вертикални капки дожд или други капки вода.

Наведениот стандард ги одредува следните IP броеви:

 

Прашина (Страни тела)

IP ниво 1. Број   Опис нивоа на заштита

0 – Нема заштита

1 – Заштита од тврди страни тела со дијаметар од 50 мм или поголем

2 – Заштита од тврди страни тела со дијаметар од 12,5 мм или поголем

3 – Заштита од тврди страни тела со дијаметар од 2,5 мм или поголем

4 – Заштита од тврди страни тела со дијаметар од 1,0 мм или поголем

5 – Заштита од прашина во количина која може да ја попречи нормалната работа

6 – Непропустливо за прашина

 

Вода ( Влага)

IP ниво 2. Број Опис нивоа на заштита

0 – Нема заштита

1 – Заштита од водени капки кои паѓаат вертикално

2 – Заштита од водени капки кои паѓаат вертикално кога производот е под агол од 15*

3 – Заштита од прскање на вода под агол од 60* на секоја вертикална страна

4 – Заштита од вода истурена на производот од секој правец

5 – Заштита од воден млаз од сите правци

6 – Заштита од силен воден млаз од сите правци

7 – Заштита од краткотрајно потопување во вода

8 – Заштита од постојано топење во вода

 

Наведување на IP нивоата на заштита во рекламните материјали и употребата на термините “водоотпорен” или ”водонепропустлив” сугерира на корисникот дека одреден производ поседува вонредна отпорност и дека нема да биде оштетен со изложување на вода при нормални услови на работа (одење по дожд, туширање, пливање, потење, случајно прскање итн.).

Најновата генерација на слушни апарати, благодарение на примената на нано слоевите на куќиштата и внатрешните електронски компоненети, поседуваат високо ниво на заштита од продирање на вода внатре во куќиштето на апаратот и заштита на електронските компоненти.

Корисниците кои им се случило нивниот слушен апарат да биде целосно натопен во вода, треба внимателно да го избришат од надворешната страна, да ја отворат вратичката од куќиштето на батеријата за да излезе целата вода која е влегла во апаратот и така со отворена вратичка на апаратот да го остават да се суши околу 30 мин. После тоа апаратот повторно ќе биде функционален под нормални услови.

Врз основа на горниот опис, повеќето современи слушни апарати одговараат на класификацијата IPx7, односно најголем број на слушни апарати навистина се водоотпорни.

 

Слушни апарати за нуркачи, SCUBA, FREE DIVERE и APNEA ?

 

Слушни апарати апсолутни непропустливи за вода, кога би постоеле, не би имале практична употреба на длабочини за рекреативно и професионално нуркање. Со зголемување на длабочината расте и хидростатичкиот притисок на водата, на секои 10м длабочина притисокот се зголемува за по 1 бар (атмосфера). На пример на длабочина од 20 м, притисокот на водата изнесува 2 бара.

Варијациите на притисокот се најголеми во плитка вода, така да проблеми со болка во ушите можат да се јават веќе на длабочина од 1-2 метра, кај лицата кои не можат да извршат изедначување на притисокот.

Слушните апарати го затвораат надворешниот ушен канал и притисокот на водата би можел да предизвика имплозија на слушниот апарат во увото, што секако ѓе доведе до тешки повреди па дури и смртен исход.

 

Значи не постојат слушни апарати наменети за нуркачи ниту треба да се користат при потопување во вода.

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!