Секоја четврта личност или скоро 2,5 милијарди луѓе ширум светот, ќе имаат проблем со слухот во 2050 година. Ова се податоци од извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), во кој се истакнува глобалната потреба за што побрзо интензивирање на превенцијата и лечењето на губитокот на слух.
СЗО во своето соопштение предупредува дека најмалку 700 милиони луѓе ќе имаат потреба од помош од оториноларинголог, слушни апарати и други услуги на рехабилитација. Овој извештај понатаму наведува дека кај децата во скоро од 60% од случаите на губиток на слухот може да се спречи со едноставно вакцинирање против рубеола и менингитис, подобрување на негата на мајката и новороденчињата, како и рано откривање и лечење на воспаление на увото.
Шефот на Светската здравствена организација Tedros Adhanom Ghebrejesus предупредува дека нелеченото губење на слухот може да влијае на способноста за комуникација кај поединци, на нивното образование и учење или на работа која му овозможува заработка. Исто така предупредува дека може да влијае и на менталното здравје на човекот, како и на способноста за одржување здрави меѓусебни односи. Препорака за возрасните е да се заштитат од преголема бучава, со помош на својот лекар да проверат во колкава мери за нивниот слух се штетни лековите кои ги примаат како и редовно да применуваат добра хигиена како би избегнале губиток на слухот.
Во овој извештај се нагласува дека недостатокот на јасни податоци за проблемите со слухот и стигматизација на оние кои боледуваат од тоа „често го ограничуваат пристапот на медицинска нега“. Затоа СЗО инсистира на потребата од воспоставување проверка „во стратешки важни моменти од животот“ и потсеќа дека поголемиот дел од болести на увотот можат да се излечат со неинвазивни медицински методи или хируршки зафати. Во случај губитокот на слухот да е неповратен, процесот на рехабилитација кој вклучува слушни апарати или кохлеарен имплант може да биде ефикасен за поединци.
Извештајот на Светската здравствена организација посебно укажува на податокот за голем недостаток на лекари специјалисти, оториноларинголози и аудиолози во земјите со ниски приходи. Затоа СЗО повикува државите да го прошират пристапот на услугите на нега и лечење на проблеми со слухот и предлага исплатливи вложувања во оваа медицинска гранка затоа што Владите кои инвестираат во оваа област може да очекуваат поврат во изност од 16 долари на секој вложен долар што на друштвото во целина може да му донесе голема економска корист.