Единствената најважна работа која можете да ја направите за да го одржите мозокот во добра форма додека стареете е да останете ментално ангажирани со активен друштвен живот.
Здравиот слух зема централна улога со тоа што Ви помага да се поврзете со луѓето и со светот околу Вас. Кога слухот ќе почне да ја попречува вашата способност за социјално ангажирање, тогаш Вие сте во поголем ризик од когнитивно опаѓање за разлика од луѓето со нормален слух. За среќа, постојат чекори кои можете да ги превземете за го подобрите Вашиот слух, да го задржите својот мозок во добра форма и да го забавите когнитивниот пад кој е во врска со губитокот на слухот.
Размислувајте првенствено за својот мозок
Каква е врската помеѓу здравиот слух и Вашиот мозок? Слухот започнува во мозокот. Вашиот мозок и уши работат заедно, каде мозокот го извршува потешкиот дел од работата. Мозокот ги обработува и интерпретира звуците кои ги детектираат Вашите уши. Во Вашиот мозок звучните бранови стануваат звуци кои ги препознавате. Вашиот мозок ги користи информациите од вашите две уши за да ве ориентира пробувајќи да дознае од кој правец доаѓа звукот. Овие процеси помагаат да се концентрирате на разговорот и да ги одвоите несаканите звуци.
Кога имате послаб слух, звучните сигнали кои Вашиот мозок ги прима од ушите не се целосни. Вашиот мозок не ги добива информациите за звукот кои му требаат за да би дал значење на звуците и тогаш мора да вложи повеќе енергија за да ги потполни празнините. Дополнителниот напор потребен за водење на разговор може да влијае да се чувствувате изморено и фрустрирано. Може да се случи да почнете да се повлекувате и да го избегнувате друштвениот живот кој е многу важен за здравјето на мозокот.
Избегнете ги ризиците кои ги носи нетретираното оштетување на слухот
Многу студии ја покажале врската помеѓу нетретираниот губиток на слух и изолацијата, депресијата и други здравствени проблеми. Ако имате оштетување на слухот, многу можно е и да имате проблеми со размислувањето и памтењето за разлика од останатите постари лица со нормален слух. Истражувачите исто така пронашле поврзаност помеѓу губитокот на слухот и когнитивниот пад. Ако имате оштетен слух и не користите слушни апарати, Вие имате поголем ризик од забрзан когнитивен пад.
Превземете чекори како би го решиле оштетувањето на слухот
Кога активно носите слушни апарати за да го решите оштетувањето на слухот, тогаш Вие го намалувате ризикот од когнитивно опаѓање. Тоа е она што истражувачите заклучиле од големата студија која вклучувала речиси 4000 волонтери во период од 25 години. Во студијата луѓето со оштетен слух кои користеле слушни апарати и кои биле друштвено активни доживеале когнитивен пад кој бил со слична брзина како кај луѓето кои немале оштетување на слухот. Истражувачите веруваат дека способноста да слушате подобро го подобрува расположението, ја зголемува друштвената интеракција и овозможува поголемо учество во активностите кои го стимулираат мозокот.
Носете ги своите слушни апарати секој ден
Слушните апарати можат да Ви помогнат да останете социјално активни само ако ви се на ушите, а не во фиока. Искористете ја предноста на овој единствен и докажан начин за да го стимулирате својот мозок. Како и секоја вежба, така и друштвената интеракција со луѓето ќе помогне Вашиот мозок да остане во добра ментална состојба и ќе го успори когнитивниот пад кој е поврзан со губитокот на слух.
Не чекајте
Дали луѓето почнуваат да мрморат многу повеќе отколку порано? Дали имате потешкотии да го слушате разговорот? Дали Вашата фамилја се жали на јачината на звукот на вашиот телевизор? Можеби е време за проверка на слухот.
Едноставното закажување на термин за проверка на слухот со стручно лице за слух може да биде еден од важните чекори кои ќе ги преземете за да би го одржале во форма Вашиот мозок. Доколку се открие оштетување на слухот, на распoлагање Ви се многу современи, дискретни решенија за подобар слух. Денешните современи решенија за подобар слух можат да го зачуваат толку природниот звук и деталите колку е тоа можно, така да Вашиот мозок прими информации кои му се потребни за да му се даде смисла на секој звук.