Како да функционирате на работа и да го намалите влијанието на оштетувањето на слухот
Оштетувањето на слухот на работното место може да донесе предизвици – за Вас и Вашите колеги. Ако пропуштате информации и неформални разговори, може да се чувствувате изолирано и да ја изгубите самодовербата. Со информирање на колегите за своето оштетување на слухот обезбедувате поддршка која Ви е потребна за извршување на својата работа.
Можеби се потпирате на записниците од состаноците за во потполност да разберете што се разговарало на состанокот. Можеби не се смеете на шегите во текот на ручекот или не ги сфаќате комплиментите кај апаратот за кафе. За среќа, добри слушни помагала можат да ги решат повеќето проблеми на работа предизвикани од оштетувањето на слухот. Меѓутоа, овие совети можат да бидат само инспирација која Ви треба за полесен живот во одредени околности.
Информирајте се, а потоа информирајте го работодавачот дека имате оштетен слух
Тоа е процес на прифаќање на оштетувањето на слухот и не се случува преку ноќ. Тешко е да се прифати список на работи кои заради оштетувањето на слухот не можете да ги слушнете или направите. Меѓутоа, кога ќе го прифатите оштетувањето на слухот, станува лесно да ги држите работите под контрола и да побарате помош.
Превземете иницијатива да дознаете што е можно повеќе за оштетувањето на слухот и негово третирање. Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека не сте сами. Наоружани со информации за Вашите права и потреби, им олеснува на Вашиот работодавач и колеги да Ве поддржат.
Прашајте го својот добавувач на слушни апарати за совет, материјали за комуникација и насоки.
Придружете се на здруженија на лица кои имаат оштетен слух – онлајн, на Вашето работно место а и пошироко.
Истражете ги законите и други извори на поддршка, како обуки за подигање на свеста на Вашите колеги. Со вклучувањето на стручна помош ќе Ви биде полесно да се изборите со овој проблем на работа.
Да кажете или да не кажете дека имате оштетен слух
Проценете дали оштетувањето на слухот ќе влијае на Вашата работа. Потоа, кажете им на раководителите на работа и оние колеги со кои се чувствувате комфорно да им кажете. Поддршката од Вашите непосредни колеги може да направи разлика, затоа не плашете се јасно да ставите до знаење што Ви треба. Вашите колеги можеби не знаат како да им помогнат на лицата со оштетен слух. Работете со позитивен начин на размислување за да создадете услови кои Ви се потребни за напредок.
Зборувајте за предизвиците со кои се соочувате
Секој има индивидуални потреби. Зборувајќи за предизвиците кои ги имате во текот на разговорот, ќе можете да обезбедите способност да ја следите социјалната интеракција. Покрај тоа, на сите им е од интерес да можете да следите што се случува.
Мислете на сигурноста
Имајте ја на ум опасноста на работното место и додатни ситуации кои би можеле да се случат. Можете ли да ги слушате алармите? Дали треба да избегнувате некои активности ако не ги слушате звуците на предупредување? Ако заради работа патувате службено и знаете дека ќе имате проблем да го слушнете алармот за пожар, известете ги вработените во хотелот дека во случат на пожат треба да Ве предупредат.
Прилагодете го начинот на работа на своите потреби
Тоа може да вклучува разни работи на кои треба да посветите внимание, во зависност од Вашите индивидуални потреби. Бидете реални спрема своите ограничувања и прифатете ги алтернативите. Современата технологија може да Ви помогне на разни начини:
Наместо телефон, користете е-пошта и текстуални пораки
Договарајте состаноци лице во лице што е можно повеќе
Инсистирајте на употреба на видео повици во текот на виртуелни состанови
Пронајдете тивка просторија или телефонска говорница за телефонски разговори
Телефонските разговори нека бидат кратки и на крај потврдете ги јасно клучните работи
Состаноците нека работат во Ваша корист
Состаноците можат да бидат предизвикувачки, особено они поголемите. Со подговотка, можете да ги поставите да работат во Ваша корист:
Ако е можн, побарајте скрипта која можете да ја прочитате пред презентациите
Побарајте јасен дневен ред и поттикнете ги сите да се придржуваат кон него
Побарајте записник од состаноците со јасни најбитни детали
Распоредете ги учесниците на состанокот околу масата така да можете да го видите лицето на секој од нив
Известете ги колеги за своите потреби на пр.”Ве мола, зборувајте еден по еден”.
Пријави за работа и подготовка за интервју кога имате оштетување на слухот
На Вас е дали сакате со потенцијалниот работодавач да ја споделите информацијата дека имате оштетен слух. Тоа е многу лична одлука. Не мора да го наведувате своето оштетување на слухот во биографијата или мотивационото писмо. Меѓутоа, бидете отворени во врска со било која комуникациска поддршка која ќе Ви затреба за интервју. На пример, ако се закаже телефонско интервју, во ред е наместо тоа да побарате разговор лице во лице.
Ако сепак се одлучите да ја соопштите информацијата за своето оштетување на слухот, вежбајте позитивни начини да зборувате за поддршката која може ќе Ви треба. На пример, “телефонските разговори може да ми бидат тешки, па повеќе ми одговара видео повик”.
Не се извинувајте, бидете позитивни и не грижете се. Не сте единствена личност со оштетен слух на работното место. Направете го првиот чекор денес за да ја добиете потребната поддршка.
Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >