КОГА ТРЕБА ДА ГО ЗАШТИТИТЕ СЛУХОТ?

Генерално, колку подолго сте изложени на прекумерна бучава, толку поголем е ризикот од оштетување на слухот. Дури и звуците кои не се чинат прегласни или Вам не Ви создаваат претерана непријатност можат да го оштетат слухот ако сте доволно долго изложени.
Меѓутоа, гласните звуци можат многу побргу да нанесат штета.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Звукот се мери во децибели (dB)

Скалата на децибели е прилагодена на човечкиот слух, па 0 dB е најтивок звук кој човекот може да го слушне. Разговорот со пријателите би бил околу 60 dB. Еднаш кога ќе достигнеме ниво од 90 dB кој ќе го произведе косилка, се наоѓаме на релативно гласно ниво на бука кој со текот на временот може да нанесе штета. Всушност, повеќето стручњаци се согласуваат дека континуираното изложување на бука над 85 dB ризикува да го оштети Вашиот слух. Од таа причина, прописите за безбедност на работното место обично бараат од работодавачот да обезбеди заштита на слухот за луѓето кои работат во подрачјето каде бучавата преминува 85 dB.

На 140 dB млазен мотор или 180 dB лансирање на ракета, многу брзо може да настане трајно оштетување на слухот.

Знаци на опасност

За жал, ретко е очигледно кога настанува оштетувањето на слухот – тоа обично го забележуваме покасно. Меѓутоа, можеме да се обидеме да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. 

Ако морате да викате од позадинска бучава за да се слушнете, Вашиот слух веројатно е во опасна зона каде долготрајно изложување може да доведе до оштетување.

Очигледно, ако Ви зуи во ушите или чувствувате болка, тоа е сигурен знак дека изложувањето на бучава е превисоко. Тоа често се појавува после завршување на бучен настан (на пр. Музички концерт). Ако Ви е тешко да слушате неколку часа после бучен настан или слушате зуење во ушите или други невообичаени последници, тогаш Вашиот слух веројатно бил во опасност.

Можете да ги одморите ушите избегнувајќи гласни звуци. А во идни слични ситуации можете да бидете свесни и да делувате порано за да ги намалите штетните ефекти. Можете да носите заштита за слух (ефтини чепови за уши за еднократна употреба) и да се тргнете од бучава што е можно побргу или што почесто.

Скриени опасности за нашиот слух:

     – Слушалки

Денес многу луѓе редовно користат слушалки – на пат до училиште или на работа, додека трчаат надвор или додека се опуштаат дома. Слушалките се многу згодни, но не е секогаш јасно колку звук создаваат. Меѓутоа, тие можат да произведат до 100 dB, додека некои можат и повеќе. На ова ниво ризикувате оштетување на слухот после само 15 мин.

Некои паметни телефони покажуваат црвена линија на индикаторот за јачина на звук кога јачината на звукот е опасна.

     – Градски живот

Само живот во град исто така може да го зголеми ризикот од оштетување на слухот – за 64%.

Ова е спрема студија која неодамна е објавена во медицинско списание The Lancet. Тоа само покажува како непрекинато изложување на бучата може да предизвика оштетување на слухот.

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!