Од повеќе милијарди луѓе во светот, нашите уши се способни да го препознаат гласот на една личност.
.jpg)
Што повеќе, нашиот слух може да ни го каже и нивното расположение. Ако се среќни или уморни, тоа можеме да го слушнеме во нивниот глас. Исто така, можеме да слушнеме и ако некој се чувствува лошо.
И тонот на нечиј глас е исто така многу важен. Исти зборови можат да значат потполно различни работи во зависност од брзината и порастот или падот на интонацијата. Начинот на кој луѓето ги изговараат зборовите може да направи разлика меѓу нешто што може да биде шега или изјава. Способноста да слушате суптилни разлики во говорот е пресудно за ефикасна комуникација.
Исто така, тука се и звуците кои ги создаваме со нашите движења. Без размислување за тоа, создаваме чувство за ситуација низ звукот кој го слушаме. Ако саканата личност ја затвори силно вратата, знаеме дека е нервозна. Ако слушнеме дека во кујната прави бука, чувствуваме дека е во брзање. Ако пее под тушот, тоа ќе ни каже дека е среќна.
На овој начин, добриот слух ни помага да ја читаме емоционалната состојба на другите луѓе олеснувајќи ни ја можноста да сочувствуваме со нив.
Заради сите овие причини, а и многу други, слухот е еден од најважните начини преку кој собираме информации кои ја пополнуваат нашата слика за светот.
Ако чувствувате дека не слушате добро и не сакате да губите звучни информации кои се важни во комуникацијата со другите луѓе, искористете ја акцијата за бесплатна проверка на слух која ја организира Аудитива и закажете го својот термин кога и каде Ви одговара. Својот бесплатен термин можете да го закажете на следниот линк:
Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >