ЗОШТО ТРЕБА ДА НОСАМ СЛУШНИ АПАРАТИ?

Имаме вести за Вас: слушните апарати се одлични и неверојатно е тоа што можат да го направат за Вас.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Можеби се мачите да слушнете – можеби малку повеќе отколку што можете самите да си признаете. Можеби се уште не сте успеале да закажете проверка на слух или можеби имате неколку слушни апарати … во фиоката покрај креветот. Каква и да е Вашата ситуација, да ги разгледаме работите што може да ги направат за Вас.

Слушните апарати Ве одржуваат активни и енергични

Слушните апарати Ви помагаат и понатаму да уживате во активностите и спортовите кои ги сакате. Без разлика дали се работи за тенис со пријателите или јога со ќерката, слушните апарати Ви овозможуваат да извлечете многу повеќе од тоа. Значително Ви го олеснуваат пробувањето на нови активности.

Меѓутоа, важно е да набавите слушни помагала кои одговараат на Вашите уши и Вашиот начин на живот. За жал, истражување во САД неодамна откри дека приближно 9 милиони луѓе со слушни апарати ги ограничуваат активностите кои ги работат, затоа што се загрижени да не ги оштетат своите слушни помагала. Но, со модерните, добро вклопени слушни апарати и прибор, мал е бројот на активности кои не можете да ги направите.

 

Повторно уживајте во рестораните и кафулињата

Повеќето сакаат да излегуваат во ресторани и кафулиња – ние луѓето сме друштвени суштества. Но, губитокот на слух може толку да го отежни уживањето во оброкот со пријателите, да луѓето ќе почнат да ги избегнуваат таквите ситуации. Тоа е затоа што позадинската бука од сите оние луѓе кои зборуваат, јадат и се движат се намалува на колку го разбирате говорот. А кога разбираме помалку од околу 50% од она што е кажано, почнуваме да се откажуваме. Едноставно станува преголем менталниот напор за одржување; тоа е како луѓето да зборуваат на друг јазик.

Слушните апарати помагаат во ублажувањето на позадинската бука така да можете да се сосредоточите со луѓето кои сакате да ги слушнете. Најновите слушни апарати посебно се дизајнирани да го олеснат разбирањето на говорот и можат драматично да го подобрат. Ако слушните апарати можат да го зголемат нивото на Вашето разбирање на говорот од 25% на 75%, можете да се вратите во разговорот.

 

Сфатете што кажуваат луѓето од првиот пат

Колку често барате од луѓето да повторат што Ви кажале?

Со текот на времето тоа може да се случува се повеќе и повеќе, но се случува така постепено да можеби и нема да забележите. Губитокот на слухот ни го отежнува препознавањето на одредени звуци и поголема е веројатноста да ги помешаме зборовите. Добра вест е што со вистинскиот вид на слушен апарат можете подобро да го разбирате говорот, што Ви овозможува непосредно да стапите во контакт со другите – а помалку да пропуштате.

 

Следете го разговорот кога зборуваат повеќе луѓе

Колку повеќе луѓе има, потешко е да се следи разговорот и да се учествува. Како што се зголемува звучното поле, на луѓето со оштетен слух им станува се потешко да изберат кои луѓе сакаат да ги слушат. Нивниот мозок едноставно станува преплавен со маса на неидентификувана бучава.

Меѓутоа, квалитетните, модерни слушни апарати се дизајнирани посебно да го олеснат говорот на повеќе лица. Тие Ви помагаат да се сосредоточите што да одберете, наместо да одлучуваат наместо Вас – како што беше со старите апарати. Тоа е благодарение на силните модерни микрочипови на слушните апарати, кои сега можат да обработат многу повеќе звуци отколку порано.

Па што е Вашиот следен корак? Ви препорачуваме да го посетите најблиското претставништвот на Аудитива за да Ви демонстрираме што е можно. Зошто не би ја искусиле најновата технологија на слушните апарати?

На овој линк можете да го видите списокот на сите претставништва со контакт податоци и локации  https://www.auditiva.mk/Auditiva/151/PRONAJDETE-GO-NAJBLISKOTO-PRETSTAVNISTVO.shtml

Преку овој линк можете веднаш да го закажете Вашиот термин во претставништвото кое Вам Ви одговара Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!