ЗОШТО ИМАМЕ УШНА МАСТ И КАКО ДА ЈА ЧИСТИМЕ?

Пред се, ушната маст е природна и неопходна – развиена е со причина.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Ушната маст е природна маст која ја штити чувствителната кожа во ушниот канал. Исто така има улога на бариера која ја спречува нечистотијата да дојде до ушното тапанче.

Покрај тоа, ушната маст е дел од механизмот на самочистење на увото. Кожата во ушниот канал расте од внатре кон надвор, носејќи ја ушната маст со себе. Со самото тоа што ушната маст ја собира нечистотијата и мртвата кожа, сето тоа природно излегува од увото заедно со ушната маст.

Џвакањето и зевањето исто така придонесува ушната маст да излезе од ушниот канал.

 

Како да ги чистиме ушите?

Ушната маст е неопходна, со самото тоа не би требало да се чистат премногу – едноставно не мора. Меѓутоа, можете да ја избришете било каква вишок маст со мокра крпа. Но, не користете стапчиња за уши!

Всушност, не би требало ништо да се става во ушниот канал.

Стапчињата за уши се дефинитивно лоша идеја. Можеби изгледаат меко, но направени се од вештачки влакна кои можат да предизвикаат гребнатини и воспаление на чувствителната кожа во ушниот канал, оставајќи ја подложна на инфекции.

Ако мислите дека Вашиот ушен канал е зашушен или се појавува прекумерна ушна маст, тогаш би требало да се посоветувате со ушен специјалист – оториноларинголог.

Ушната маст може да доведе до запушување на ушниот канал

Тоа е навистина можно. Иронично, луѓето често се обидуваат да ги исчистат своите уши така што ставаат разни работи (покрај стапчиња за уши) кои можат да ја турнат ушната маст во ушниот канал и да предизвикат блокада. Со туркањето на ушната маст предлабоко, може да дојде подалеку отколку што расте кожата кон надвор и таму да се заглави. Со текот на времето, ушната маст може да доведе до слабеење на слухот. 

Прекумерна ушна маст

Генерално, нашите уши произведуваат количина на ушна маст колку што им е потребно. Меѓутоа, кај некои луѓе се случува создавањето на ушна маст да биде зголемено. Ова може да биде предизвикано од прекумерно чистење, кога ушите произведуваат дополнителна ушна маст настојувајќи да воспостават доволна количина. Исто така, може да биде и од некои медицински состојби.

Во некои случаи, слушните апарати можат да придонесат чувство дека луѓето имаат повеќе ушна маст затоа што апаратот се наоѓа во ушниот канал и спречува ушната маст природно да излезе надвор. Слушните апарати имаат вградено филтри за ушна маст баш заради таа причина и тие мора редовно да се менуваат.

Како треба да се чистат ушите кај деца?

Со истата постапка како што ги чистите Вашите уши: минимално и без туркање било што во увото. Некои луѓе користат стапчиња за уши кои се достапни во облици дизајнирани да спречуваат прекумерен влез во ушниот канал. Меѓутоа, тие и понатаму се груби и не го препорачуваме нивното користење.

Ви препорачуваме да користите мокра крпа за да ја избришете ушната маст само од надворешниот дел на увото.

 

 

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!