Слухот е важен фактор во развојот на Вашето дете. Ако не се реши оштетувањето на слухот, може да одложи важен развој, како што е учење на јазик и да влијае на витални животни вештини, вклучувајќи ја социјализацијата. За среќа, постојат многу начини да му се помогне на детето да се избори со оштетувањето на слухот, првиот чекот е препознавање на потенцијалниот проблем.
Вашето дете знајачно се развива во текот на првите три години. Затоа е многу тешко да се генерализира кога е во прашање оштетување на слухот кај деца помеѓу 0 и 3 години. Згора на тоа, децата совладуваат многу вештини, како што се јазикот, во различни чекори, па можеби ќе мора да размислите дали Вашето дете има дополнителни предизвици или не. Оштетувањето на слухот може да го одложи развојот на јазикот во текот на овој критичен период за учење, што исто така може да влијае на учењето или стекнувањето други вештини, затоа што можеби нема во потполност да ги перцепира усмените упатства.
Складно на тоа, собравме насочни знаци на кои треба да се биде свесен за да помогнеме во идентификувањето на потенцијалното оштетување на слухот кај децата до 3 години.
Знаци на оштетен слух за деца помлади од 6 месеци
Во младото доба може да биде тешко да се препознае оштетувањето на слухот, посебно ако е благо. Сепак, има некои знаци на кои треба да се внимава. Може да бидат знаци на оштетен слух ако Вашето дете не може:
-
да реагираат на звук и музика
-
да ги завртат очите во правец на звукот
-
да го препознае Вашиот глас и да одговори на него
-
да забележи играчки кои произведуваат звуци
-
да направи различни звуци кога е среќно или вознемирено
Знаци на оштетен слух за деца до 1 година
Кога Вашето дете ќе наполни една година, достигнално низа на развојни пресвртници. Што се однесува до неговото слушање, сега би требало да бидат во можност да:
-
реагира на неговото име
-
да се сврти и да погледне во правецот на звукот
-
да разбира и одговори на едноставни зборови како што се „Не“, „Уште?“, „Горе“, „Tато“ и сл.
-
Кратко да слуша песни и приказни
-
да препознава познати гласови/музика/звуци
-
да игра со Вас детски игри
-
да изговара едноставни звуци – потенцијално изговарање на први зборови
Знаци на оштетен слух за деца до 2 години
Кога Вашето дете ќе наполни 2 години, тоа веќе доста експериментирало. И со телото, но и со звуци и зборови. Тоа може да биде показател на оштетен слух ако до следниот роденден Вашето дете уште не е во можност да:
-
Користи и разбира доста нови зборови
-
именува предмети во книги или во секојдневниот живот
-
следни едноставни упатства како што се „Подигни ја куклата“, „Дојди кај мама“, или „Погледни го кучето“
-
препознава делови на тело или слики во книга кога ги именувате
-
прашува и одговара на едноставни прашања како што се „Што е тоа?“, „Кој е тоа?“ и „Каде е тој?“
-
составува зборови како „тато, горе“ или „нема повеќе банани“
Знаци на оштетен слух за деца до 3 години
Вашето дете сега шета (или трча) наоколу и ја изразува својата личност со зборови. До овој период може да биде показател на оштетување на слухот ако Вашето дете се уште не може:
-
да состави кратки реченици
-
да разбира спротивности како што се голема/мала, горе/доле
-
да прашува и разбира „Зошто?“
-
да следи се посложени упатства како „Оди во својата соба и земи покривач“
-
брзо да научи и разбира нови зборови
Ако Вашето дете покажува знаци на оштетен слух – Следен чекор
Ако сте ја прочитале нашата листа и мислите дека Вашето дете можеби има проблеми со слухот, започнувањето на детскиот пат кон подобар слух е што е можно попрво, можно е да направи голема разлика во неговиот живот. Прв важен чекор е посета на стручњак за слух во установите специјализирани за проверка на слух кај деца кои ќе го проверат слухот на Вашето дете и ќе Ви ги дадат неопходните информации. Доколку се утврди дека е неопходна корекција на слухот со слушни апарати, Аудитива поседува специјализирани Oticon слушни апарати наменети за деца и прилагодување на нив, кои миже да се пробат во некое од нашите претставништва.