Оштетувањето на слухот е една од најчестите здравствени состојби. Од милијарда луѓе во светот, едно од шест лица има губиток на слухот. Во светската популација помеѓу луѓето со старосна граница од 65 и повеќе години, едно од три лица има губиток на слухот. И покрај тоа, многу луѓе живеат со оштетен слух и не превземаат ништо во врска со тоа.
Иако губење на слухот може да се случи изненадно, тоа најчесто е постепен процес. Без прецизно мерење на слухот од еден ден до друг, тешко е да забележите дека Вашиот слух станал послаб.
Всушност, најчесто пријателите и семејството на лицата со оштетен слух се први кои забележуваат колку тоа влијае на животот – многу порано пред тоа лице да забележи самото.
Согледување на карактеристично однесување
Можеби ќе забележите дека некој го појачува многу силно звукот на уредите како што се TV, музички плеер или радиото. Можеби им е тешко да го следат разговорот кога сте заедно во ресторан или кафич. Можеби се мачат да слушнат што зборуваат малите деца.
Други луѓе забележуваат проблеми кога се на улица полна со сообракај – тешко им е да ги разбираат звуците помеѓу бучавата од сообраќајот и останатите различни звуци.
Ако некој кого познавате има оштетување на слухот, веројатно ќе забележите дека неговото друштвено однесување се променило. Најчесто овие лица се повлекуваат од друштвени активности и чувствуваат срам, вина или лутина. Исто така може да станат повеќе самокритични, фрустрирани или депресивни. Сите овие однесувања исто така може да имаат негативно влијание и на секој кој е во нивно опкружување.
Зависност од туѓите уши
Ако поминувате доста време со некого кој има оштетување на слухот, ќе забележите дека често мора да го повторувате тоа што го зборувате. Често ќе се бара од Вас да објаснувате што сте кажале, ќе се бара од Вас да повторувате и што кажале другите кога тоа лице ќе чувствува потреба.
На некој начин, лесно можете да станете додаток на ушите на тие лица. Меѓутоа, иако тие можат да се носат со оваа ситуација, веројатно вие ќе се чувствувате исцрпено до крајот на денот – а тоа секако може да продолжи и преку ноќта.
Прекинување на навиките кои не помагаат
Во просек потребно е 8 години за некој со губиток на слухот да почне со рехабилитација. Тоа е осум годишен период во кој тие лица имаат недостаток на звуци кои го прават животот побогат: смеењето на децата, црцорењето на птиците, звукот на брановите на плажата … итн.
Станувате свесен за бројните напори кои сте ги направиле за да “преведете” и тоа би можело да биде прв важен чекор кон почетокот на рехабилитацијата на лицето со оштетен слух. Сфаќајки го обемот на подршка која им треба и која им ја пружите, може да Ви биде поттик да превземете акција во име на обајцата.
Кога се соочени со тоа дека не слушаат добро, некои луѓе тоа едноставно го негираат. Во вакви случаи потребно е храброст, трпение и упорност да убедите некого да прифати дека не слуша добро. Обично е најдобро да имате мирен, внимателен и постепен пристап. Доколку не успеете првиот пат, немојте премногу да навалувате – само пробајте повторно некој друг пат.
Прифаќање на фактите дека не слуша добро е голема случка во животот на таа личност. Потребно е време лицето да прифати дека има оштетен слух. Добрата вест е дека секој може да го прифати тоа и со помош на слушни апарати повеќето ќе можат да слушаат подобро.
Ако во своето опкружување имате лице за кое мислите дека не слуша добро, препорачајте му ја нашата акција за бесплатна проверка на слухот.