ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ПРИ ДОАЃАЊЕ НА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

Како едноставна, безболна проверка на слух може да Ве одведе на пат кон подобар слух.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


 

Ви честитаме на одлуката да закажете проверка на слух! Без разлика дали е во прашање проверка поради потешкотии со слухот кои веќе ги имате или е само редовна проверка на слухот со останати рутиснки здравствени прегледи, превземате важен чекор кон своето долгорочно здравје на слухот. Ќе Ви биде мило да знаете дека Вашиот „голем чекор“ е едноставен и лесен. Тестовите кои ги спроведуваат квалификувани стручњаци за слух се безболни. Во првиот дел ќе бидете прашани за здравјето на слухот и ќе бидете водени низ тестови осмислени да се провери здравјето на двете уши и колку добро слушате. Целта е да се утврди Вашето општо здравје на слухот и ако се открие оштетување, како модерната технологија може да Ви користи.

 

Прв чекор: Историја на здравјето

Кога ќе стигнете, Вашиот аудиолог ќе сака подобро да Ве запознае. Тоа вклучува прашања за целокупниот здравствен и медицински историјат за Вас и Вашата фамилија и за сите потешкотии во врска со Вашиот слух кои можат да влијат на Вашиот секојдневен живот. Вашиот аудиолог исто така ќе сака да знае за Вашиот начин на живот – на пример, изложеност на бучава или дали работите во бучно опкружување – и други фактори кои можат да влијаат на здравјето на Вашиот слух.

Проверка на ушниот канал

При годишните здравствени прегледи можеби сте се сретнале со отоскоп, алат кој му овозможува на лекарот да погледне во ушите и да провери дали има визуелни проблеми во ушниот канал или слушното тапанче. Во типична проценка на слухот, после проверката на двете уши со отоскоп, Вашиот аудиолог може да изведе тимпанометрија, брз и безболен тест кој покажува колку добро функционира средното уво.

Проверка на слух

Испитувањето на слухот се изведува во звучно изолирани простории или простории третирани со звук во кој не се слушаат други надворешни звуци. Ќе седите и ќе носите слушалки со жици поврзани на аудиометар, апарат кој се користи за проценка на нивото на слух. Исто така, ќе добиете упатства да подигнете рака или да притиснете копче кога ќе слушнете звук.

Тестирање на звукот

Тестот со чисти тонови ја проверува Вашата способност да слушнете различни звуци. Слушалките овозможуваат звуците да преминуваат на едното уво, па секое уво се тестира поединечно. Овој тест помага го пронаоѓањето на најмеките звуци кои можете да ги слушнете на различни тонови или фреквенции. Секој пат кога ќе слушнете звук, го притискате тастерот или подигате рака, како што Ви кажале аудиолозите.

Тестирање на говорот

Говорна аудиометрија е уште еден дел од испитувањето на слухот кој ја мери Вашата способност за препознавање на зборови. Од Вас ќе се бара да повторите зборови кои ги изговорил Вашиот аудиолог или зборови со снимка. Целта е да откриете колку мора да биде гласен говорот за да го слушнете и колку јасно можете да ги разберете зборовите кои ги слушате изговорени.

Графикон со резултати од испитување на слухот

Резултатите од Вашето тестирање се забележени на аудиограм кој го прикажува видот, степенот и конфигурацијата на губитокот на слух. Аудиограмот го покажува прагот на слухот во однос на просечен „нормален“ слух, покажувајќи колку добро слушате во смисол на високите тонови во однос на ниските тонови (фреквенции) и во смисла на јачина или интензитет. Резултатите се прикажани за секое уво.

Фреквенцијата се мери хоризонтално на врвот на тестот на слух. Како што се движат фреквенциите од лево во десно, тие се движат од ниски кон високи. Вертикалната оска на аудиограмот на левата страна го претставува интензитетот на звукот, мерено во децибели. Како што се зголемува бројот на децибели, така се зголемува и губитокот на слухот.

Стручните аудиолози прават разлика

Вашиот аудиолог ќе Ве проведе низ резултатите од Вашиот аудиограм, че одговори на сите прашања кои ги имате и ќе Ви објасни што значат резултатите за Вас. Секое оштетување на слухот е единствено колку и отисокот од прст. Персонализираната нега која ја добивате од кфалификуваниот професионалец за нега на слух, ќе се однесува не само на Вашето единствено оштетување на слухот, туку и на решение за слухот кое може да биде најдобро за Вас и Важиот животен стил.

Ако се открие оштетување на слухот, денешните современи слушни апарати Ви нудат низа атрактивни избори. Вашиот аудиолог ќе Ви помогне додека бирате решение кое е посебно прилагодено на Вашето оштетување на слухот и Вашите желби.

За да го видите изборот на најсовремени слушни апарати кои се достапни во Аудитива претставништвата кликнете на овој линк: http://https://www.auditiva.mk/Auditiva/122/Modeli-na-aparati.shtml

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!