Накратко тинитус е здодевен звук (уење или шуштење) кое само Вие можете да го слушнете.
Тинитусот е изненадувачки чест – околу 10% од луѓето го доживуваат постојано. Иако не може да се излечи, можете да превземете контрола над него за значително да го намалите неговото внимание. Тоа може да биде звук на одзвонување, зуење, шуштање и слично, а може да трае привремено или трајно. Овој звук во Вашите уши или глава за Вас е единствен.
Се проценува дека 80% од луѓето кои страдаат од тинитус имаат одреден степен на оштетување на слухот, но може за тоа да не се ни свесни. Меѓутоа, иако тинитусот често оди со оштетување на слухот, тоа не е болест.
Тинитусот е симптом кој може да биде предизвикан од многу работи, па дури може и да почне без очигледна причина. Но, тоа може да има големо влијание, носејќи стрес, анксиозност, бес и губиток на сон.
Првиот чекор кон превземање на контрола над Вашиот тинитус е консултација со стручњак за заедно да пронајдете план за негово третирање кој ќе Ви одговара.
Причини за тинитус
Тинитусот може да настане било каде помеѓу внатрешното уво и мозокот и може да биде постојан или испрекинат, привремен или хроничен. Се уште не е откриено како точно почнува тинитусот, но може да настане од различни причини, баш како што е случајот и со оштетување на слухот. Меѓутоа, може да се јави и без очигледна причина.
Некои од причините за тинитус се:
– Изложеност на гласни звуци
– Природен процес на стареење
– Ненадејни ударни звуци
– Повреди на главата и вратот
– Реакција на лекови
– Емоционална вознемиреност или стрес
Тинитус и мозок
Кога слушаме, звучните бранови патуваат низ ушниот канал до средното уво, а потоа до мозокот.
Внатрешното уво ги трансформира звучните бранови во електрични сигнали, кои потоа патуваат до мозокот. Мозокот ги преведува овие сигнали во информации кои имаат некое значење – звукот кој го слушаме.
Што ја создава перцепцијата на звукот таму каде што го нема?
Иако се чини дека причините варираат, стручњаците се сомневаат дека во многуте случаи тинитусот настанува заради оштетување во внатрешното уво. Стручњаците веруваат дека мозокот понекогаш погрешно ги толкува намалените сигнали од увото, што резултира со перцепција на звук – тинитус – кој всушност не е тука. Секогаш обратете се на лекар или дефектолог ако имате било какви симптоми на тинитус.
Звучната перцепција ги ублажува симптомите на тинитус
Слушањето на одредени звуци може да биде корисно средство за контрола на тинитус.
Додавањето на пријатни звуци на оние звуци кои веќе ги слушате може да го намали влијанието на тинитусот помагајќи Ви да го насочите вниманието кон звуците кои сакате да ги слушате, а не кон звукот во Вашата глава. Споредето го тоа со слушањето на една виолина во соба. Во овој случај можете да се фокусирате само на виолината, но ако на виолината додадете симфониски оркестар, тогаш таа е помалку упадлива и станува дел од целокупниот звук на оркестарот.
Слушни апарати кои можат да емитираат звуци за маскирање на тинитусот
Слушните апарати Oticon может да Ви помогнат да го контролирате тинитусот со емитирање широк спектар на звуци кои го маскираат зуењето како смирувачки звуци слични на морските бранови. Овие звуци можат да се прилагодат се додека не го пружат олеснувањето кое Ви треба – кога и каде Ви е потребно. Што повеќе, можете безжично да стримувате алтернативни опции за ублажување на тинитусот, како омилена музика, аудио книга, или дури и аудио водичи за опуштање.
Во понудата на Аудитива се наоѓаат голем број на модели и варијанти на Oticon слушни апарати, различни по своите карактеристики и можности со повеќе модели кои се наменети за третирање на тинитусот во комбинација со оштетен слух.