Превентивни мерки за зачувување на ушите и слухот

Дали некогаш сте се запрашале кога треба да започнете со зачувување на слухот? Ако помисливте дека тоа е во возрасниот период – тогаш сте се излажале. Всушност, започнува независно од Вас,

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Во детската возраст не се случува толку често да доаѓа до оштетување на слухот. За жал, во последните години сведоци сме на се почести акутни акустични трауми, особено за време на празници и прослави, кога бројните експлозивни направи го земаат својот данок. Во таа возраст многу почесто е присуството на секрет во средното уво поради инфекции, зголемувањето на третиот крајник – причина за оштетување на слухот. Секако, со соодветно лекување, проблемот не е траен. Во тинејџерските години се зголемуваат штетните ефекти по слухот. Денес, вообичаена слика се младите со слушалки во ушите по цел ден да ги извршуваат секојдневните обврски. На тој начин се изложени на повеќечасовна бучава, што на крај резултира со оштетување на слухот. Бројот на младите кои пред триесетата година од животот имаат тинитус (зуење) и/или перцептивно оштетување на слухот (оштетување на слушниот нерв) е се поголем. 

Драгоценото сетило слухот никогаш не одмара – тоа “работи” и кога ние не работиме, додека спиеме или сме во тишина. Вложувањето во слухот е повеќегодишна инвестиција. Колку повеќе вложувате во него, толку повеќе ќе добиете.

Значи, превентивата започнува многу пред раѓањето кога идната мајка избегнува употреба на ототоксични лекови, се штити себе и своето дете од непотребни инфекции, и му овозможува да “ужива” во пријатните звуци и веќе тогаш препознава многу гласови од околината.

Со стапнувањето на овој свет опкружен со бучава, треба да се наклонеме кон пријатните звуци кои не прават среќни.

Чувајте го слухот – истиот не можете да го добиете.

 

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!