ПОЗИТИВНИ РЕАКЦИИ НА ФОТО МОДЕЛ СО СЛУШЕН АПАРАТ

Една реклама за обетки на британскиот бренд ASOS, на која моделот има слушен апарат, покрена многу позитивни реакции на социјалните мрежи.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Оваа фирма на својата интернет страница посотојано нуди пар златни обетки со привезок во облик на печурка за 5 фунти, но дизајнот ни цената не се она што го привлече вниманието на посетителите.

Насмеаната манекенка Natasha Guri, која е родена со оптетен слух, на фотографијата носи обетки кои се нудат на продажба, но добро се гледа и нејзиниот слушен апарат.

Многубројни корисници на социјалните мрежи во позитивни коментари напишале дека прв пат гледаат модел со некој облик на слушен апарат.

Во коментарите на Твитер, корисниците кои имат проблем со слухот го одобруваат ваквиот потег на оваа фирма коментирајќи дека ширењето на свеста и зачестеното објавување на вакви помагала во јавности, ќе придонесе да се чувствуваат “нормално” и вклучено во друштвото.

 

Манекенката Natasha Guri од Лондон објавила на Твитер: “Тоа сум јас! За оние кои не знаат – ова е слушен апарат кој е понапреден од многу слушни помагала”.

Eдна личност напишала: “Наглува сум и сигурно наскоро ќе ми треба слушен апарат. Бев многу нервозна заради тоа, но ова ми помогна и сфатив дека тоа е сосема нормално!”

Трета напишата дека и самата носи слушно помагало и дека никогаш не помислила дека ќе биде возможна таква реклама.

Извор: N1

 

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!