Без разлика дали имате закажано проверка на слух или само размислувате дали да закажете, помислата на тест на слухот може да биде нервозна. Било кој вид на тестирање нервира, а кога е нешто лично не е ни чудно што за тоа многу размислувате. Но, не плашете се! Нашите совети ќе Ви помогнат да разберете што можете да очекувате.
Понесете некој со себе
Многу добра идеја е да со себе понесете некој – член од семејството или близок пријател. Прва причина, ако имате некој кој Ве знае, ќе ви пружи емоционална и морална поддршка. Друга причина, ќе Ви помогне да се сетите на информациите кои ќе Ви ги каже аудиологот. И на крај, ќе Ви даде уште една перспектива на Вашето оштетување на слухот – тие знаат како тоа изгледа од надвор.
Знајте што можете да очекувате
Прво ќе направите проверка на слухот. Ова е тест на слухот со чисти тонови при што ставате слушалки и слушате прецизни, јасни звуци. Ќе слушате низ тоновите во различна јачина на звукот. Ова одредува колку добро слушате различни фреквенции на звукот.
Потоа правите тест на говорот каде аудиологот ќе изговори неколку зборови и ќе побара од Вас да ги повторите. Овој тест одредува колку добро разбирате говор.
Подгответе се за успех
Чувството на подготвеност ја намалува анксиозноста и Ви помага да извлечете максимум на тестот на слух. Обидете се да одговорите на овие прашања во врска со својот слух за да бидете сигурни:
– Кои симптоми на оштетување на слухот ги имате? Колку долко ги доживувате? Дали имате оштетување на слухот на едното уво или на двете? Исто така можете да ги прашате луѓето дали забележале промени во Вашиот слух.
– Дали сте имале хронични инфекции, повреди или операција во врска со ушите?
– Дали некогаш сте имале работа која Ве изложувала на бучава?
Имате ли било какви прашања? Запишете ги за да бидете подготвени да го прашате својот стручњак за слух. Еве го и главниот совет: дојдете 15 мин пред закажаниот преглед.
Сега е помалку стресно отколку што ќе биде
Одложувањето на тестирањето на слухот може да ја зголеми анксиозноста која ја чувствувате заради потребата за акција. А ако имате оштетување на слухот, одложувањето на решението всушност може да ги отежне понатамошните чекори. Тоа е затоа што Вашата способност за разбирање на говорот побргу се дегенерира ако оштетениот слух не се третира.
Со оштетен слух, Вашите нерви и мозок добиваат помалку стимулации. За обете е потребна поголема стимулација за да функционираат правилно, а кога им недостасува заради оштетениот слух, постепено ја губат способноста за разбирање на говорот. Решавањето на ситуацијата со оштетениот слух спречува дегенерација, а исто така се избегнува повторно учење на слушате и навикнување на звуците кои се заборавени.
Добар стручњак за нега на слух = Вие ќе бидете со мирна глава
Каде и да сакате да побарате решение за својот слух, мора да бидете сигурни во својот избор. Ако Вашиот тест покаже дека имате оштетен слух, Вашиот стручњак за слух мора да биде во можност да Ви предложи слушни помагала кои одговараат на Вашето оштетување на слухот, Вашиот начин на живот и Вашиот буџет.
Аудитива Ви гарантира стручњаци кои секојдневно помагаат на луѓето како Вас. Можеме да ја одредиме состојбата на Вашиот слух и да Ви понудиме широк спектар на модели на слушни апарати – ако Ви требаат. Ќе Ви овозможиме да пробате слушни апарати за да можете да почувствувате како е да ги носите и да искусите како добро функционираат пред да ги купите. Сите наши претставништва мора да исполнуваат многу високо ниво на услуга, за секогаш да Ви пружиме најдобро решение за Вашиот слух.
Дали закажате проверка на слух? Пронајдете Аудитива претставништво во својата близина и закажете проверка на слухот уште денес, закажете го својот бесплатен термин веднаш Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >