Нешто повеќе од 5 год. приметив дека не слушам, постепено почнав да се изолирам од луѓето кога тие разговараат јас не ги разбирам а непријатно е кога повеќе пати ќе ми повторат што кажале.
Побарав решение за мојот слух и зедов OTICON апарат на кој брзо се привикнав, многу добро слушам и сум задоволен од него.
Советите од вработените во Аудитива ми беа добредојдени, сега носам апаратчиња на двете уши со кои слушам, комуницирам и се дружам со пријателите без проблем.