Зуењето во ушите се јавува ненадејно и знае да биде прилично иритантно.

Според Американското Здружение за тинитус (АТА), станува збор за сензонеурална реакција во мозокот на оштетувањето на слухот. Лаички кажано, тоа е гласен, надразнувачки звук на зуење во ушите.

Зуењето може да биде испрекинато или континуирано. И додека за некои е оптеретувачко, за други апсолутно не пречи.

Зуењето во ушите некои го опишуваат како звук на звоно, додека некои слушаат зуење или пулсирање.

Постојат неколку причини поради кои може да се јави зуење во ушите.

Гласна музика

Да, гласната музика навистина може да предизвика проблем. Зуењето во ушите како последица на слушањето гласна музика е губиток на слухот предизвикан од бучава. Воглавно, се работи за привремен проблем и луѓето можат да очекуваат дека до опоравување ќе дојде за 72 саати. Ако сте изложени на гласна музика или бучни градежни работи, размислете за користење чепчиња за уши.

Премногу церумен

Восокот или церуменот ги штити нашите уши и има антибактериски својства. Но, неговото насобирање може да предизвика губење на слухот, што може да доведе до зуење во ушите. Откако лекарот ќе Ви ги исчисти ушите од церуменот, слухот се поправа и зуењето во ушите исчезнува.

Инфекција

Настинка или инфекција на ушите или синусите може да предизвика зуење. Лечењето на инфекцијата ќе го подобри Вашиот слух и ќе Ве ослободи од иритантниот звук.

Лекови

Тинитусот може да биде нус појава од одредени лекови, како што се антибиотици, нестероидни противвоспалителни лекови и диуретици, па дури и аспирик. Лековите на база на кинин може да доведат до зуење во ушите. Разговарајте со својот доктор ако земате некои од овие лекови и ако имате зуење во ушите.
 

Повреди на главата

Повредите на главата исто така би можеле да бидат причина за зуење во ушите. Удар во главата може да доведе до крвавење позади тапанчето кое се повлекува отприлика за шест недели, а тогаш се опоравува и слухот.
 

Кај потрес на мозокот всушност можете да добиете и потрес на внатрешното уво, што може да биде причина за губиток на слухот, вртоглавица или зуење, вели невролог д-р Kristen Angster за списанието Men`s Health.

"Внатрешното уво обично спонтано се опоравува. Но, ако имате чести вртоглавици или ако Вашиот слух не се опорави после неколку дена, посетете лекар за понатамошна проценка", советува д-р Angster.

 

Ковид-19

Повеќе од година дена пандемија, учиме за  различни тешкотии и долгорочни ефекти предизвикани од Ковид-19. Тинитусот е еден од нив, иако има само неколку студии кои се занимавале со овој проблем.

Истражувањето објавено во спианието "Frontiers in Public Health" открива дека повеќе од 3.100 луѓе кои биле анкетирани имале тинитус, 237 испитаници рекле дека страдале од симтоми на корона вирус, а околку 40 проценти од таа група рекле дека тинитусот им се влошил.

Д-р Angster вели дека уште е рано да се поврзе тинитусот со Ковид-19.

"Да, видов дека некои пациенти имаат тинисут, но очигледно не е толку раширен како губитокот на мирис. Мислам дека за тоа ќе дознаеме повеќе како што ќе поминува времето. Тоа е нешто на што се уште посветуваме внимание", вели д-р  Anster.

Извор: N1