Една од шест возрасни личности има некој степен на оштетување на слухот.

Замислете дека вечерате во некој ресторан каде има голема врева. Во позадина е звукот на чиниите, местењето на столиците, луѓето разговараат и се смеат, а келнерите брзаат. Се трудите да следите што се случува на Вашата маса и заради тоа се чувствувате се по уморни.

На крај, почнувате да се преправате дека слушате. Кимнувате со главата, изгледате заинтересирано и се смеете иако не сте ја сфатиле шегата. Почнувате да се чувствувате изоставено. Кога го напуштате ресторанот, се јавува главоболка, разочарување и не планирате да го повторите тоа искуство во скоро време.

Оштетувањето на слухот се разликува од оштетувањето на видот

Како и кај очите, на функционалноста на ушите влијае стареењето. Меѓутоа, лошиот вид постепено го отежнува читањето како што се намалуваат буквите, но оштетувањето на слухот е поинакво.

Оштетувањето на слухот може да направи некои слогови и звуци да ги слушате потешко. На пример, согласките како ф,с и т лесно се прекриваат со самогласките како што е а, о и у. Резултатот од тоа е личноста со оштетен слух да се жали дека може да слушне дека другите зборуваат, но не и што зборуваат.

Симптоми на оштетување на слухот

1. Дали сметате дека луѓето околу Вас мрморат или зборуваат тивко?

2. Дали сметате дека разговорите во ресторани или на места каде има гужва се напорни?

3. Дали често мора да го појачите звукот на ТВ, радио или телефон?

4. Дали членовите на семејството и пријателите се жалат дека мора да го повторат она што Ви го кажале?

5. Дали морате да го гледате лицето на луѓето за да ги разберете што зборуваат?

6. Дали сте забележале дека секојдневните звуци, како црцорењето на птиците, чекорите или отчукувањата на часовникот исчезнаа?

 

Ако Вашиот одговор на едно или повеќе од овие прашања е ДА, можеби имате оштетување на слухот.

Пронајдете го најблискиот Аудитива слушен центар и бесплатно проверете го својот слух, список на локации со контакт податоци можете да погледнете на: https://www.auditiva.mk/Auditiva/151/PRONAJDETE-GO-NAJBLISKOTO-PRETSTAVNISTVO.shtml

 

Што предизвикува оштетување на слухот?

Оштетувањето на слухот често е поврзано со стареењето, но тоа не е секогаш случај. Иако може да ги погоди луѓето во било кое доба, состојбата најчесто се јавува после 65-та година. Исто така, може да биде предизвикано од инфекции, повреди или вродени недостатоци.

Старечка наглувост

Како што старееме, може да ја изгубиме способноста за слушање на меки високи тонови. Без птичјата песна е прилично лесно да се живее, но да се снајдете во разговор која ја губите можноста да слушате некои градивни елементи на говорот е далеку потешка ситуација.

Оштетувањето на слухот поврзано со годините е предизвикано од секојдневното интензивно користење на слушниот систем во текот на целиот живот, а најчести симптоми се проблемите да се чујат меките гласови, како и проблеми со слушањето кога е присутна позадинска бучава. Членовите на семејството често ја забележуваат старечката наглувост пред личноста која што ја има.

 

Оштетување на слухот предизвикано од бучава

Ова оштетување на слухот често е предизвикано од прекумерно изложување на силна бучава. Особено се јавува кај воени лица, полицајци, градежни работници, работници во фабрика, фармерки, стоматолози и воспитувачи - да наброиме само некои. Рок концертите и MP3 уредите исто така можат да го оштетат слухот кај луѓето. Редовното изложување на силна бучава го забрзува оштетувањето на слухот. Заради тоа е важно секогаш да носиме штитници за уши ако сте изложени на прекумерна бучава.

 

Оштетувањето на слухот може да влијае на Вашиот друштвен живот

Оштетувањето на слухот кое не се третира може да доведе до тоа полека да почнете да избегнувате дружење затоа што разговорите Ви одземаат се повеќе ментална енергија. Ако не се третира, оштетувањето на слухот може да доведе до чувство на изолација и депресија.

 

Погледнете дали некои од овие изјави во врска со оштетувањето на слухот се однесуваат на Вас или мислите дека можеби се однесуваат на некоја Ваша блиска личност:

 

• Често се чувствувам несигурно кога сум надвор бидејќи не знам од каде доаѓаат звуците

• Често се чувствувам депресивно и осамено

• Често се заморувам и морам да одморам после работа

• Имам проблеми со помнењето

• Имам проблеми со препознавањето на говорот, посебно на дружењата со други луѓе

• Оштетувањето на слухот ми го намали квалитетот на животот

• Оштетувањето на слухот не влијае само на мене, туку и на мојата фамилија 

 

Важно е на време да побарате помош ако кај себе или некоја блиска личност воочите знаци на оштетување на слухот.

Контактирајте го најблискиот Аудитива слушен центар за бесплатна консултација, список на локации со контакт податоци можете да погледнете на: https://www.auditiva.mk/Auditiva/151/PRONAJDETE-GO-NAJBLISKOTO-PRETSTAVNISTVO.shtml