Oticon Sensei е фамилија на слушни апарати специјално дизајнирани за деца. Направен на најновата Inium платформа, Sensei комбинира иновативни идеи и робусен дизајн. Со тоа се постигнува задоволување на единствените потреби на децата од сите возрасти.
Sensei е наменет за деца со оштетен слух од полесен до потежок степен на оштетување.
Sensei моделите покриваат подрачје на подесување до 10 kHz на 8-10 канали во зависност од избраниот модел и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.
Sensei фамилијата на слушни апарати опфаќа две ценовни подврсти, Sensei Pro I Sensei Standard. Обете варијанти ги вклучуваат следните подмодели:
- RITE модели со можност за избор на три јачини miniFite ресивери (60, 85, 100),
- BTE модели (Sensei 75, Sensei 90) компатибилни со Corda miniFit (можност за избор на miniFit: open dome - 6, 8, 10mm, bass dome - single vent - 6, 8, 10, 12mm, bass double vent - 6, 8, 10, 12mm, power dome - 6, 8, 10, 12 mm).
Обезбедува високи перформанси во разбирањето на говорот дури и во комплексно опкружување. Sensei нуди импресивна флексибилност со својата можност да се адаптира на сите специфични дневни потреби на секое дете со оштетен слух.
Speech Guard E system обезбедува потполно и природно слушно искуство комбинирајќи две методи на амплификација, нелинеарни и линеарни во еден систем на компресија. Со тоа е создадена цврста основа за развој на аудиторниот систем.
SmartFit Trainer е новитет во оваа фамилија на слушни апарати кој им олеснува на родителите правилно да ги поставуваат индивидуалните оливи со помош на LED индикатор.
Oticon Sensei овозможува и употреба на дополнителна опрема за комуникација како што се FM систем и ConnectLine sistem (Streamer Pro, TV i Phone adapter). Конструиран е од материјали кои ја намалуваат можноста за појава на алергиски реакции, ја зголемуваат отпорноста на прашина, вода и физички оштетувања.
Во понудата се на располагање 11 бои на куќишта изградени од биокомпатибилни материјали.