Зошто е важно да се носат слушни апарати

Лицата со оштетен слух секојдневно се соочуваат со непријатни ситуации, почнувајќи од комуникацијата со домашните, во продавница, на шалтерите во банките, пошта и сл. што во подолг временски период доведува до напнатост, нервози, анксиозност, стрес. Со добра дијагностика и носење на соодветни слушни апарати постои помош.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Како можат да ни помогнат слушните апарати?

Од светот на релативна тишина каде беа заборавени многу звуци од опкружувањето, човек се враќа во нормалниот бучен свет во кој живееме. Неопходно е тренинг и често слушање како би создале нови слушни навики (издвојување на гласот од околината, потиснување на околните шумови и сл.) Потребен е одреден период на адаптација како на физичкото присуство на апаратот така и на разбирањето во различните звучни ситуации.

Во сложениот процес на слушање треба да се има во предвид дека мозокот е процесор за разбирање на говорот. За да се воспостави овој процес потребни се неколку недели за мозокот да може да се усогласи и да ја регулира користта од воведувањето на ваков начин на слушање. Слушниот апарат го одржува мозокот активен во процесот на обработка на звукот, а со тоа и одржување во функција на сетилото за слух.

Носењето на два слушни апарата дава сигурност на пациентот во непосредното опкружување. Кога сме на улица и го слушаме свирењето на автомобилите, сетилото за слух не предупредува испракајќи сигнали до мозокот од која страна доаѓа опасноста. Обостраното носење на слушни апарати овозможува идентификација на изворот на звук и ја одредува оддалеченоста од слушачот (многу важно во сообраќајот). Со носењето на апарати добиваме подобро разбирање на говорот, поприроден квалитет на звук, слушање без напор, а со тоа и значајно подобрен квалитет на живот.

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!