Како што се влошува Вашето оштетување на слухот, можете да имате потешкотии да ги следите сите разговори, било да е тоа семеен оброк, заминување на кафе со пријателите или во кино.

Учествувајте повторно во разговорот
Ако Ви е тешко да го следите она за што зборуваат другите луѓе, тешко е да се биде активен учесник во интересните разговори. Тоа е затоа што заради оштетувањето на слухот пропуштате многу суптилни знаци. Наспроти тоа, луѓето кои слушаат добро потсвесно сфаќаат кога друга личност сака нешто да каже, затоа што слушаат работи покрај оние кои кога личноста ќе вдише пред да проговори.
Значи, за да останете активни, морате да учествувате во разговорот. Тоа бара добро да слушате.
Ако имате слушен апарат, Вашиот аудиолог може попрецизно да го прилагоди на Вам. Ако немате слушен апарат, тогаш аудиологот може да Ве советува за можностите.
Многу луѓе прават голема бучава!
Сметате дека индивидуалните разговори се во ред. Се слушаат помалку звуци кои пречат, јасно е кој кога треба да зборува, а Вие воглавно сте близу до соговорникот.
Но, секоја нова личност која ќе се додаде во групата влијае на тоа потешко да го следите разговорот. Ако размислувате за семејниот оброк или вечера, бргу се менуваат темите. Различни луѓе се вклучуваат во разговорите и ги напуштаат истите. Луѓето разговараат истовремено и преку соби. Стануваат страствени и побргу разговараат.
Лицата со оштетен слух често потешко се снаоѓаат во ваквите ситуации. Еве неколку едноставни, практични начини да Ви биде полесно.
Значи, треба само да слушам погласно?
За жал, не е така едноставно. Погласните звуци се само дел од одговорот – важно е и совладувањето на бучавата и фокусирањето на својот слух. Бучавата почнува да владее сп Вашиот свет и ако не слушате добро, може да биде тешко да ги поделите звуците едни од други, па тешко е и да се сосредоточите на она што сакате да го слушнете.
Се чини дека сите звуци доаѓаат одеднаш во еден општ „звучен ѕид“ каде што позадинската бучава и говорот се мешаат. Можеби ги слушате луѓето како зборуваат, но тешко е тоа да го издвоите; тешко е да кажете каде почнува говорот и каде застанува. Тоа е затоа што со „звучниуот ѕид“ можете да слушате, но е тешко да се фокусирате на одреден звук.
Не можете така добро да препознаете од каде доаѓа звукот, па тешко е да го насочите вниманието. Се јавува помала способност да бирате што сакате да слушате.
За да слушате добро, мора да бидете во состојба да игнорирате некој звук за да можете да се сосредоточите на она што сакате да го слушнете.
Кафичите и рестораните го комплицираат слушањето
Кога разговарате со некој и нема многу други звуци, Вашиот разговор јасно се истакнува. Но, на побучните места како што се рестораните и други јавни места, звукот кој сакате да го слушнете се меша со останатите звуци. Се соочувате со тропање од кујната, брборење од околните маси и музика која се натпреварува за Вашето внимание.
Станува тешко да ја пригушите бучавата и да се фокусирате на поедини звуци. Но, тоа не е невозможно, се додека сте свесни за предизвикот со бучавата.
Добар совет е да побарате мирна маса. А, ако имате Bluetooth слушни помагала, личниот микрофон може да Ви помогне во преносувањето на гласот на другата личност директно во ушите.
Вклучете се во претстави, кино, цркви и многу друго
Дружење може да биде заминување со пријателите и семејството во кино или театар. Или можеби повеќе сакате предавања и презентации. На такви места оштетувањето на слухот може да создаде одредени предизвици. За среќа, многу јавни места имаат вградено просторни петли. Овие системи го праќаат звукот директно на приемникот на одреден вид на слушни помагала.
Со корекција на слухот, дружењето станува полесно
Ако имате оштетување на слухот, Вашиот мозок мора повеќе да работи за да го разбере звукот на друштвените настани како што се семејни вечери или свадби. Станува заморно затоа што се занимавате со повеќеструки разговори кои се развиваат брзо и непредвидливо. Така од кујната може да има многу позадинска бучава, а можеби и други звуци.
Вашиот мозок е неверојатна алатка и може да се потпира на Вашата меморија како би автоматски ги пополнувал зборовите и звуците кои недостигаат како би можеле да ја разберете пошироката слика. Но потребен Ви е многу поголем ментален напор.
Па, што да правам?
Слушајте со мозокот, а не со ушите
Ушите го собираат звукот. Тие постојано го собираат звукот околу вас – дури и кога спиете. Но, Вашиот мозок му дава смисла на звукот. Вашиот мозок одлучува на што ќе се фокусирате, а кога бучава ќе ја филтрирате.
Нашиот мозок има извонредна способност да се фокусира на звукот кој не интересира нас и да игнорира се останато. Оваа способност се нарекува „селективно внимание“. Нашиот мозок има сопствен систем за намалување на бучавата и е многу ефикасен. Меѓутоа, како што слухот Ви станува послаб, Вашиот мозок има помалку информации на кои може да ја примени оваа селективна функција.
Ако имате оштетување на слухот, разговорите црпат повеќе ментална енергија. Можеби веќе сте искусиле дека навечер се чувствувате многу уморно. Колку повеќе бучава и комплексни звуци мора да обработи мозокот, толку е поголем напорот за Вашиот мозок.
Ако веќе се чувствува премногу исцрпено и се сомневате дека не слушате добро, искористете ја акцијата и во некое од Аудитива претставништвата бесплатно проверете го Вашиот слух. Проверка на слухот можете да закажете преку online формулар ако кликнете на овој линк Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >