Паметен слушен апарат поврзан со Интернет: решение кое го менува животот?

Прв дел од интервјуто со Thomasom Behrensom, шеф на одделот за аудиологија во Oticon

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Дали може да го претставите новиот слушен апарат кој го развил Oticon и кој може да се поврзува со интернетот? Како функционира овој уред?

 

Oticon Opn е слушен апарат кој овозможува поврзување со паметен телефон и ги подржува сите конекции кои ги има на интернет а кои ги поддржуваат паметните телефони.

Посебно ја одбравме интернет заедницата под името “ Ако ова тогаш тоа (If This Then That)” (IFTTT) затоа што многу едноставно го користи сервисот од трета страна кој е подржан од страна на голем број глобални произведувачи на уреди како Philipsa и други, кои произведуваат куќни апарати и практична електроника за да помогнат на луѓето во секојдневните рутински активности.

 

Какво влијание се надевате дека Opn ќе има кај лицата со оштетување на слухот?

 

Имаме доста докази за тоа што Opn може да даде на луѓето, затоа не мораме само да се надеваме, туку всушност знаеме доволно од тоа што може да направи.

До сега спроведовме пет научни истражувања за уредот и знаеме дека, пред се, Opn може да го направи тоа што најдобрите слушни апарати можат да го направат денес, а тоа е подобрување на способноста на луѓето да го разбираат говорот во бучава.

Исто така, со Opn-от, претставивме нови погодности за рехабилитација на слухот кои порано не постоеле. Користејќи ги објективните мерења, ние документиравме дека Opn го намалува оптеретувањето на мозокот кај лицата со оштетен слух кое обично се доживува кога се слуша говорот во бучава. Ние директно придонесуваме за помало напрегање за мозокот да може да даде поголемо значење на звуците кои луѓето ги слушаат.

Тоа го потврдивме спроведувајќи студија со која проверивме дали ова го олеснува она што ние го нарекуваме когнитивен бенефит. “Когнитивен бенефит” е нешто што му овозможува на мозокот на направи нешто друго затоа што когнитивниот капацитет или силата на мозокот во основа се ослободиле да донесуват одлуки или да прават нешто што порано не сте можеле да направите.

Тоа што одбравме да провериме беше способноста на луѓето да памтат. Во студијата документиравме дека луѓето можат да запомнат до 25 % повеќе со нашиот Opn слушен апарат кога ја активираме технологијата за намалување на бучавата која околните звуци ги прави помалку наметливи.

 

Кои повратни инфорамции ги имате добиено до сега од страна на корисниците?

 

Добивме најдобри повратни информации какви  што никогаш порано немаме добиено при претставувањето на нов слушен апарат.

Луѓето ни опишуваат како сега се во состојба да прават работи кои порано не ги можеле. На пример некои луѓе велат: “Во минатото, навистина ми беше предизвик кога би отишол со пријателите во ресторан. Сега можам да одам таму, се чувствувам опуштено и можам да седам каде ќе посакам во ресторанот. ”

Обично, многу корисници на апарати наоѓаат мирно ќоше во кафич или ресторан со грбот до ѕидот, за да не бидат премногу изложени на бучавата позади нив. Ова се ситуации од кои корисниците на Opn слушни апарати сега се ослободени.

Ќе ви наведам пример за еден адвокат кој користи Opn. Во минатото, не само што се борел да слушне тоа што зборуваат луѓето во судницата, туку му било потребно и помошник да го информира повремено ако пропуштил нешто. Со Opn-от, тој сега може да следи се што се случува во судницата и дури може да го процени и расположението на судијата, затоа што Opn сега ги обработува околните звуци а посебно ја намалува бучавата многу повеќе отколку што тоа било можно во минатото. Тоа на корисникот дополнително му ги ослободува когнитивните способности.

Знаеме дека нешто како што е проценката на нечие разположение е посебно предизвикувачко и бара мозокот да не е премногу оптеретен; треба да има преостанат капацитет за ова. Типично, кога го откриваш значењето на звукот, прво го откриваш директното значење на тоа што е кажано, значењето на зборовите, а дури после тоа можеш да откриеш подлабоко како што е расположението на лицата или некоја скриена порака со тоа што е кажано и така понатаму.

Сето тоа бара дополнителен когнитивен капацитет. Губењето на слухот ги намалува когнитивните способности, нешто што многу луѓе не го разбираат кога се работи за губењето на слухот. Тоа не е само губење на способноста да се слушаат меките звуци, туку и мозокот се оптеретува многу повеќе, ангажира ресурси од делови на мозокот кои обично се користат за нешто друго и кои влијаат на вашата општа функција и способност да функционирате добро, особено во друштвени ситуации.

 

Колку Ви беше важна големината и дизајнот при развојот на Opn-от?

 

Тоа за нас секогаш е многу важно. Затоа ја одбравме најпосакуваната големина и дизајн за стил на слушниот апарат кој е претставен за прв пат. Меѓутоа, во споредба со сите овие предности за кој зборував до сега, приоритет дадовме на развојот на новиот систем за намалување на бучавата и развојот на новиот систем за поврзување кој ја овозможува новата IFTTT услуга.

Освен што на Вас ви овозможува да се поврзете на интернет, овој нов систем на поврзување исто така овозможува и директно да се поврзете на iPhone и да го користете iPhono-от како паметен далечински управувач за слушниот апарат. Тоа е таква конективност која ги отстранува препреките на лицата со оштетување на слухот.

Зборував многу за тоа како постигнавме некоја нова, невидена корист со Opn-от која луѓето порано ја немале. Тоа е важен чекор напред гледано од перспектива на медицинските уреди, подобрувајќи го квалитетот на здравствената заштита која ја даваме.

Покрај тоа, ние исто така сакаме да им олесниме на лицата со оштетен слух да го живеат својот живот и да изберат било што сакаат да работат, на пример со социјалните медиуми и развојот на медиумскиот простор кој моментално го гледаме.

Заради тоа одбравме да ја вклучиме и IFTTT услугата, затоа што се развива во низа на нови аспекти кои се едноставни за користење. Кај лицата со оштетување на слухот тоа потоа помага и во намалувањето на бариерата за поврзување со другите луѓе, пријателите и фамилијата.

На пример, IFTTT им овозможува на луѓето да го слушат ѕвоното од вратата. Во минатото на луѓето им требаше посебни решенија за своите домови за да би можеле да го слушнат ѕвонењето на вратата додека биле на другиот крај од куќата. Сега ако имате IFTTT ѕвоно на вратата, тоа автоматски ќе го испрати сигналот до слушниот апарат ако паметниот телефон е во опсег. Луѓето исто така можат да добиваат директни известувања во слушните апарати, како што се: да бидат потсетени дека се на состанок или дека имаат дружба со пријателите и така натаму. Сето тоа им помага на луѓето да останат социјално активни.  

 

(Izvor: News-Medical.net)

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!