Оштетување на слухот наспроти оштетување на видот

Обете се многу важни сетила и ако не функционираат ефикасно ни предизвикуваат големи потешкотии. Но поради начините на кои ги користиме, нивниот губиток на нас влијае на повеќе начини.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


 

Оштетување на видот

Кога одите во оптика, при прегледот гледате во графикон со букви и бројки.

Доколку имате послаб вид, можеби нема да можете да ги читате редовите со помали букви, затоа што стануваат заматени. Вашите очи не можат да се концентрираат на нив.

Уште еден начин да се разбере ова е и стареењето. Нашите очи постепено ја губат способноста да се фокусираат на блиску, така да сите објекти кои се во близина  се заматуваат. Сите активности кои бараат да се фокусирате на нешто што ви е блиску – како читањето – стануваат многу потешки.

Овој губиток на гледањето на блиските објекти не варира; тоа е единствен губиток.

Оштетување на слухот

Нашите уши постепено ја губат способноста да ги слушаат високите фреквенции, како резултат на оштетениот слух или со стареењето. Меѓутоа, за разлика од оштетувањето на видот, реалните ефекти од ова не се единствени.

Говорот се состои од многу различни фреквенции и тонови. Ако не ги слушаме звуците со високи фреквенции, тогаш тешко разбираме одредени букви како што се ф, с, и т. Тоа е затоа што содржат високи фреквенции. Таквите букви тешко може да се претопат со гласните, ниско фреквентни самогласки како што се а, о и у.

За разлика од губитокот на видот, оштетувањето на слухот влијае на многу различни делови од говорот во текот на разговорот.

За да го разбереме говорот, потребно е да имаме цела слика

Луѓето со оштетен слух често слушаат како другите зборуваат, но не можат да разберат што кажуваат. Тие можат да слушнат, но нивната способност да слушаат и комуницираат со другите луѓе е ограничена.

Ефикасен третман не е само појачување на сите звуци. Работата е во појачувањето на специфичните делови кои луѓето со оштетен слух не можат добро да ги слушнат, како што се одредени тонови и фреквенции. Затоа од витално значење е тие луѓе да добијат соодветна проценка на слухот од стручно лице.

Помагала за вид или помагала за слух?

Кога луѓето имаат потешкотии во гледањето, вообичаено е да се користат наочари. Овие помагала за вид можат да помогнат во различни ситуации; Тие можат специјално да се дизајнираат за посебни намени како што е работа со компјутер или читање. Во денешно време вообичаено е да се гледаат очила кај различни луѓе и тие често се и стилски украс, а врвни модни куќи дизајнираат и рамки за очила.

Меѓутоа, иако современите слушни апарати се со дискретен и елегантен дизајн и ги има во различни бои – многу луѓе избегнуваат да одат на специјалист за слух за да добијат слушен апарат. Заради повеќе причини како што е гордоста или срамот, на луѓето со оштетување на слухот им е потребно во просек осум години за да го добијат првиот третман за својот слух и да почнат да носат слушни апарати.

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!