“Имаме две уши и една уста за да би слушале два пати повеќе одколку што зборуваме” – Епиктет

За оваа изрека во потполност да искаже благодарност кон човечкиот слух, од непроценлива важност е на време да се препознае оштетувањето на слухот и правилно да се лекува.
Во новороденската возраст причините за оштетување на слухот можат да бидат многубројни: вродено генетско оштетување, земање на ототоксични лекови и болести на мајката во бременоста, воспалителни процеси на увото…
Непосредно веќе после раѓањето, бебето реагира на звуците од околината, иако незрели, вишите мозочни центри неможат да ги обработат звучните информации како вообичаено. Но многу брзо, бебето ќе препознава од каде доаѓаат звуците со вртење на главата кон изворот на звукот, препознавајќи близок глас на него ќе рагира со смешкање, клоцање, мавтање со рацете… Без разлика дали бебето поминало или не неонатален скрининг за глувост, потребно е да се обрати внимание на овие неколку едноставни бебешки активности за да не се посомневаме во оштетување на бебешкиот слух.
Во подоцнежните месеци, кај слушните оштетувања, најчесто запазуваме да не дојде до неадекватен развој на говорот, со тој знак детето не се врти кон изворот на звук, наместо да формира зборови најчесто тепа, не се одзива на повици… Доколку бебето ѓи нема споменатите “форми на слушно однесување”, неопходно е родителите веднаш да се обратат на оториноларинголог за да се постави дијагноза што порано.
Со технолошкиот напредок, денес се поставени стандарди дека оптималното време за поставување на дијагноза за оштетување на слухот кај децата е до крајот на четвртиот месец, за да што порано почне процесот на слушна рехабилитација и му се овозможи на детето да води нормален живот.