Со правилно одржување на слушните апарати ќе придонесете во продолжување на нивната трајност. Еве неколку совети.

  • Кога ракувате со слушниот апарат држете го над мека површина, за да се избегне оштетување во случај ако падне апаратот.
  • За површинско чистење на апаратот употребете сува, мека крпичка. Никогаш немојте да користете влажни марамици и алкохол.
  • Протетиката на апаратот редовно да ја миете со соодветни хигиенски средства.
  • Вашиот ушен канал произведува ушна маст (церумен) која може да го запуши отворот за излез на звукот или вентот на Вашиот слушен апарат. Целосно отстранете ја насобраната ушна маст.
  • Слушниот апарат никогаш не смеете да го перете или потопувате во вода или друга течност! Не смеете никогаш да го изложувате на голема влага, на пр. парна бања, тушеви или силен дожд.
  • Сепак доколку апаратот е навлажен, избришете го внимателно и однесете го на сервис.
  • Користење на комплети за сушење на влагата можат да помогнат во избегнување на овие проблеми и да го продолжат работниот век на Вашиот слушен апарат.
  • Кога не го користите слушниот апарат, задолжително отворете ја вратичката од куќиштето на батеријата за да овозможите циркулација на воздух внатре во апаратот.
  • Вашиот слушен апарат никогаш не смеете да го изложувате на екстремни температури, на пр. да го оставите во паркиран автомобил на сонце. Ниту не смеете да го сушите во микробранова или било каква друга печка.
  • Козметички препарати, парфеми, спрејови за коса, лосиони за после бричење, креми за сончање и спрејови против инсекти можат да го оштетат Вашиот слушен апарат. Секогаш треба да го отстраните Вашиот слушен апарат пред употребата на некој од овие производи и да почекате да се исушат препаратите пред повторното ставање на Вашиот слушен апарат. Доколку користете лосион обавезно избришете ги рацете пред да го земете апаратот со нив.

 

За дополнителни информации за средствата за одржување на Вашите слушни апарати Ви стоиме на располагање!