Слушните апарати нема да го вратат нормалниот слух. Меѓутоа, со вежбање ќе се зголемува Вашата свесност за звукот и неговиот извор. Ќе посакувате редовно да ги носите апаратите, па затоа одберете внимателно кој е најпогоден за Вас и кој ќе ви биде едноставен за користење.

Накратко ќе Ви објасниме реално што можете да очекувате при навикнувањето на слушните апарати.

  • Навикнувањето на апаратите може да потрае со недели. Ќе слушате многу подобро, но не е реално да очекувате дека ќе слушате како порано
  • Ќе можете полесно да ги слушате звуците кои Ви е тешко да ги слушнете без појачување (на пр. детски и женски гласови, црцорењето на птиците...)
  • Вашиот глас ќе Ви звучи различно
  • Ќе приметите многу нови звуци (на пр. Работењето на фрижидерите, клима уредите, чекорите, листање на весниците...) кои со текот на времето сте престанале да ги слушате
  • Слушните апарати го подобруваат и разбирањето на говорот во бучава, но тие можат и во потполност да направат бучавата да исчезне. Слушањето во бучава и понатаму ќе Ви биде предизвик
  • За да постигнете најдобри резултати при користењето на слушни апарати, потрудете се што подобро да ги совладате вештините за успешна комуникација и да развиете правилни навики.

Корисно е при навикнувањето на слушни апарати да водите белешки со различни запазувања во секојдневните ситуации. Врз основа на Вашите впечатоци може да се направи дополнително подесување на слушните апарати и со тоа слушањето да биде попријатно и поуспешно.