Современите слушни апарати се достапни во широк спектар на модели со различен дизајн и технички карактеристики, па така можат да ги задоволат сите потреби, вкусови и материјални можности.
Постојат три основни групи на модели:
1. Задушни слушни апарати - содржат задушен дел - куќиште од пластика во кое се сместени сите електронски делови на апаратот и соодветен протетичен дел низ кој звукот се спроведува до ушниот канал на корисникот.
2. RITE - се состои од задушен дел - куќиште од пластика во кое се сместени микрофонот, појачалото и процесорот, додека звучникот е сместен во самиот ушен канал, покриен со соодветна протетичка влошка. Достапни се во RITE и mini RITE подмодели, и погодни се како за лесни така и за потешки оштетувања.
3. Канални слушни апарати - се носат во самиот ушен канал. Сите електронски делови се сместени во пластично куќиште направено спрема увото на корисникот врз основа на земен отисок од слушниот канал. Можноста за избор на ваков модел зависи од типот и степенот на оштетување, но и од физичките карактеристики на ушниот канал и здравствената состојба на увото. Достапни се повеќе подмодели - ITE, ITC, CIC, IIC.