Најчести реакции на сознанието за оштетувањето на слухот се:

  • ОДБИВАЊЕ - чувство дека луѓето околу Вас мора да зборуваат погласно
  • ЛУТИНА - природно чувство пропратено со немоќ; многу е важно да сфатите дека оштетување на слухот може да се појави кај секого, во било кој период од животот и дека таа состојба може да се промени доколку на време се обратите кај стручно лице
  • ИЗГОВОРИ - не сте подготвени да ја прифатите својата состојба и наоѓате бројни изговори ”Мојот слух не е толку лош. Кога другите луѓе би зборувале по разговорно, јас не би имал проблем! ” или “Во ред, ќе посетам доктор доколку ми се влоши состојбата. ”
  • САМОСОЖАЛУВАЊЕ - не барате од соговорникот да ја повтори реченицата иако сте свесни за својата состојба, за да не го прекинувате Вие се повлекувате во себе и останувате изолирани
  • ПРИФАЌАЊЕ - со текот на времето и со малку вера, ќе научите да го прифатите оштетувањето на Вашиот слух и ќе бидете подготвени да побарате решение! И еден ден, во многу блиска иднина, ќе бидете многу среќни што така сте постапиле!

Зошто треба да го третирате оштетувањето на слухот?

Вашиот слух е клуч во активното учество во светот кој Ве опкружува и загубениот слух кој не се третира може да има огромно влијание на Вашиот живот.

Кога доаѓа до оштетување на слухот, реакциите на ситуацијата се различни. Ако оштетувањето не се третира може да дојде до социјална изолација, се чувствувате изморено дури и при самото настојување секојдневниот живот да го живеете како претходно, кога сте немале оштетување.

Многу е важно да ја препознаете состојбата, да отидете на преглед и да се посоветувате со стручњаци!

Колку порано отидете на преглед, поголеми се шансите да ја повратите можноста повторно непречено да учествувате во секојдневните ситуации.

Затоа што, на Вас ви е важен слухот:

  • СИТУАЦИИ НА РАБОТА (учеството во работни разговори)
  • ВРЕМЕТО СО ФАМИЛИЈАТА И ПРИЈАТЕЛИТЕ (гледање телевизија или разговор при фамилијарниот ручек, дружење со внуците,...)
  • СОПСТВЕНАТА И ТУЃАТА БЕЗБЕДНОСТ (да ги слушате звуците кои Ве предупредуваат за опасност на пр. сирени и други звуци во сообраќајот или да слушнете кога некој бара помош,...)
  • УЧЕЊЕ (следење на предавањата без голем напор.)