Врз основа на нашето долгогодишно искуство, овде се наброени ситуации кои укажуваат дека постои оштетување на слухот:
- не го слушате доволно гласно разговорот по телефон,
- лошо го слушате соговорникот во бучна околина (на пр. во кафич),
- тешко го следите разговорот во кој учествуваат три или повеќе лица,
- разговорот го следите со голем напор,
- Ви изгледа дека повеќето луѓе мрморат и зборуваат неразговорно,
- често барате од соговорникот да ви ја повторува реченицата,
- потешко го разбирате говорот на децата и жените,
- ја појачувате јачината телевизорот повеќе за разлика од останатите во фамилијата,
- често слушате ѕвонење, зуење или шум во ушите,
- некои звуци ви изгледаат прегласни.
Дали се пронаоѓате?
Замислете дека се наоѓате во бучен ресторан. Во позадина се слушаат чинии кои тропаат, столови кои чкрипат по подот, луѓе кои разговараат и се смеат. Вие се трудите да следите се што се случува на вашата маса - напорот кој го вложувате во тоа почнува да Ве изморува се повеќе и повеќе. На крајот почнувате да се преправате дека слушате. Се смешкате, настојувате да изгледате заинтересирано и се смеете со останатите, иако не сте ја разбрале шегата. Почнувате да се чувствувате изолирано. И додека го напуштате ресторанот, чувствувате силна главоболка, разочарани сте и немате намера да го повторите ова искуство во скоро време.